Опис на програма

Обуката за специјалист за графички дизајн е насочена кон стручно оспособување на кандидатите за совладување компјутерски вештини од областа на графичкиот дизајн.

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи софтверите за графички дизајн во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: работи со сурови фотографии, дигитално уредува фотографии, врши фото-ретуширање, изработува векторски илустрации, цртежи и декорации, креира долги документи, изработува флаери, брошури, магазини, како и нивна припрема за печат, организира и архивира документи за потребите на работното место, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, практична изведба и на меѓународни испити.

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката и ги положи предвидените испити, ќе се стекне со сертификат за Специјалист за графички дизајн што е еквивалент на меѓународен сертификат Adobe Certified Associate Visual Design Specijalist (ACAS).

ACAS сертификатот се стекнува со положување на три испити за Adobe Photoshop CC, Adobe Illustrator CC и Adobe InDesign CC:

  1. Adobe Certified Associate in Visual Communication Using Adobe Photoshop, меѓународен сертификат кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во визуелните комуникации користејќи ја Adobe Photoshop апликацијата.
  2. Adobe Certified Associate in Graphic Design & Illustration Using Adobe Illustrator, меѓународен сертификат кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во графичкиот дизајн и илустрација користејќи ја Adobe Illustrator апликацијата.
  3. Adobe Certified Associate in Print & Digital Media Using Adobe InDesign, меѓународен сертификат кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во печатените и дигиталните медиуми користејќи ја Adobe InDesign апликацијата.

Програмата за „Специјалист за графички дизајн“ е сочинета од 3 целини:

  • Растерска графика Adobe Photoshop CC во 30 часа
  • Векторска графика Adobe Illustrator CC во 30 часа
  • Десктоп издаваштво Adobe InDesign CC во 30 часа

конкретно за подесување параметри на програмите, организирање на документи и користење на алатки и опции за работа на проекти во секој програм соодветно.

Времетраењето на програмата е 90 наставни часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за графички дизајн, вклучување на пазарот на труд и вработување во фирма или хонорарно.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно официјалната програма на Adobe и официјална литература во најноваите верзии на Adobe Photoshop CC, Adobe Illustrator CC и Adobe InDesign CC – Classroom in a book, The official training workbook from Adobe.

Наставата ќе се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребната опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребните Adobe софтвери за дизајнирање.

Обуката ја изведуваат сертифицирани инструктори на експертско ниво во владеење на Adobe софтверите за дизајнирање.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - организира активности за подготовка на работното место, - користи софтвер за растерска графика - Photoshop, ефективно и креативно, - подесува параметри и организира документи во Photoshop, - креира и модифицира визуелни елементи, - ретушира и реставрира фотографии, - подготвува растерска графика за веб, печатење и видео, - користи софтвер за векторска графика - Illustrator, ефективно и креативно, - подесува параметри и организирање на документи во Illustrator, - црта, прецртува и модифицира основни векторски форми, - изработува графички цртеж, - подготвува векторска графика за веб, печатење и видео, - користи софтвер за десктоп издаваштво - InDesign, ефективно и креативно, - подесува параметри и организирање на документи во InDesign, - дизајнирање на страни и уредување на документ, - креира долги документи, - подготвува документи за печатење, - подготвува документи за веб и електронски публикации.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Возрасни слушатели со претходни знаења од MS Windows, MS Office и Internet.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 10
Пракса 80 80
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support