Опис на програма

Главна цел на програмата

Главната цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за UX дизајн т.е. веб дизајнирање насочени кон корисникот, а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.

 

Начин на реализација

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат „Специјалист за UX дизајн“.

 

Модули на програмата

Програмата за „Специјалист за UX дизајн“ е сочинета од 6 предмети, обработени во модули:

  • Веб дизајн процес и креативно расмислување (24 часа)
  • Кориснички UX/UI принципи и Adobe XD (30 часа)
  • Дизајн на веб елементи со Adobe СС софтвер + Adobe Certified Associate испит (30 часа)
    (Adobe Photoshop CC или Adobe Illustrator CC или Adobe Animate CC)
  • Веб оптимизација и аналитика (24 часа)
  • Кариера и проектни веб методологии (Agile Scrum Certified) (16 часа)
  • Практична настава „Дизајн на прилагодлива веб страна и мобилна апликација“ (30 часа)

 

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно интерни наставни програми и официјалните програми од Adobe и Scrum Study вендорите.

 

Времетраење

Времетраењето на програмата е 154 наставни часа, од кои 100 се часа теоретска обука, 54 часа практична обука и 7 часа се наменети за оценувањето и предвиденото полагање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.

 

Вреднување на постигнувањата

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична). Во Adobe модулот, предвиден е испит за стекнување меѓународен сертификат – Adobe Certified Associate за владеење со соодветната апикација. На крај се спроведува завршен испит преку кој се дефинираат стекнати вештини и компетенции.

 

Сертификат

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги изработи проектните задачи и го положи завршниот испит, ќе се стекне со сертификат за Специјалист за UX дизајн.

Дополнителен бенефит на програмата е стекнувањето на меѓународен сертификат – Adobe Certified Associate, кој претставува одлична оценка за владеење со соодветната апликација на Adobe. Испитот се полага на интернет платформа во официјален Certiport тестинг центар.

 

Просторни услови

Наставата се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребна опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребни Adobe софтвери за дизајнирање.

 

Официјален тестинг центар

Полагањето на Adobe официјален испит за стекнување на меѓународен сертификат на ниво Adobe Certified Associate се одвива во сертифициран тестинг центар на Certiport.

 

Напредување од програмата

Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во Веб дизајнер или Веб девелопер (Front End Developer/ Back End Developer), како и препознатливост на квалификацијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа како Freelancer.

Резултати од програма

[:mk]  По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • креира стратегија на производ базирана на корисничко искуство,
  • креира кориснички приказни, профили и сценарија,
  • изработува корисничка мапа за конкретизирање на дизајн,
  • дефинира функционалноси и интеракција во кориснички интерфејс,
  • поставува структура на веб проект (веб страна и/или апликација),
  • креира визуелен приказ на целосно прилагодлива веб страна и апликација,
  • изработува прототип на веб проект и тестира идеја,
  • споделува дизајн и врши евалуација на веб проект,
  • креира веб елементи со Adobe СС софтвери,
  • дефинира кориснички профили и нивни онлајн навики,
  • дизајнира e-mail пораки и слетувачки страници (Landing pages),
  • врши основна веб оптимизација на мултимедија и текст,
  • ја познава современата проектна веб методологија Agile Scrum Certified, фази и улоги на учесниците во тимот при веб дизајнирање,
презентира веб проект од идеја до реализација.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Слушатели на возраст над 15 години со завршено најмалку основно образование. Возрасни слушатели со претходни знаења од MS Windows, MS Office и Internet.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 100 62
Пракса 54 34
Оценување 7 4
Вкупен број на часови 154
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support