Опис на програма

Програмата “Советувач во училиште” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на психо-социјално советување. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини од областа на советување со лица кои се соочуваат со проблеми во училиште поврзани со учениците, да комуницира со учениците, да соработува со наставниците и родителите, да пренесува знаења, да презентира и подучува во група за теми од училишниот животот, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите вештини, полесно снаоѓање на работните места и ќе ги зголемат професионалните компетенции.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана интерактивност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Советувач во училиште” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, индивидуални сесии со тренер и проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од Комората на психолози на РМ како и од европски сертификат од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за СОВЕТУВАЧ во училиште.
Времетраењето на програмата е 100 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини од областа на советување со ученици, наставници и родители, да комуницира, да соработува со наставниците и родителите, да пренесува знаења, да презентира и подучува во група, да учи доживотно и да се усовршува.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен: Да организира активности за лична подготовка и подготовка на работното место да создава хигиено-технички услови за работа да применува работна култура во комуникација со ученици, родители и наставници да советува ученици, наставници и родители да пружа поддршка на ученици, наставници и родители да препознава специфични случаи и да соработува со други стручни профили да организира и води групи за личен раст и развој на учениците, наставниците и родителите да организира работилници за млади на теми значајни за нивна возраст да пружа психо-социјална поддршка на учениците во кризни состојби да работи со ученици во работилници и индивидуално да се однесува според стекнатите вештини потреби за еден советувач[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршен факултет од хуманистички науки, СВ, мотивационо писмо[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support