Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Електромеханичар за  погон на рударска опрема и истата е со  тромесечно времетраење, односно 320 часа  и опфаќа  64 часа стручно теоретски содржини во училница/кабинет и се во функција на практичната обука  која се реализира во Машинска хала. Стручно теоретската настава и практичната обука ја изведуваат наставници со долгогодишно искуство. Обуката се изведува низ следните тематски целини: Анализа планирање, подготовка, заштита и безбедност при работа; Основи на електротехника, електроника и автоматика; Основи на машинството; Практична работа; контролирање и одржување на инсталациите, опремата и осветлувањето; Интервенирање при дефекти или хаварии на ВН инсталации, редовни и вонредни ремонти; Административно технички работи, Комуникација, права од работен однос, работна етика и морал.

Во текот на обуката се врши формативно оценување на постигнатоста на целите и резултатите  се земаат во вид  но, не го ослободуваат учесникот од полагање на завршниот испит.

Завршниот испит се полага пред комисија  на зададена задача, а се вреднува; образложението на учесникот за планирање, организацијата и  подготовката на алат, прибор и материјал, практична работа, отстранување на проблемот и контрола на исправноста во функционирањето..

По успешното завршување на програмата  учесникот кој  со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за Електромеханичар за погон на рударска опрема по верифицирана програма

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за сервисирање, одржување и адаптација на јакострујни електрични инсталации, електромоторните погони, осветлувањето, контролната, сигналната и мерната опрема според електричните шеми, да монтира, демонтира, надградува инсталации . Изведува правилна постапка на мерење и испитување на јакострујните електрични инсталации, електромоторните погони, пумпи, вентилатори и сигнална и мерно контролна опрема.  Врши адаптација или прилагодување на јакострујните инсталации , да води евиденција за редовните контроли, редовните и вонредните ремонти, направените адаптации и извршените интервенции. Да применува МКС стандарди за заштита при работа и заштита на животната околина.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку средно образование и над 16 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 124 70
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support