Опис на програма

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за воспоставување и користење на систем за заштита на компјутерски системи во функција на негово понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за: идентификација на безбедносните ризици кај компјутерските системи, надзор и дијагностика на компјутерските мрежи, oбезбедување на безжичните мрежи и Cloud системите, обезбедување на сервери, податоци и апликации, заштита од безбедносни закани и напади, администрација на безбедносни мерки и  настани, опоравување на системите од катастрофални последици во случај на нарушена безбедност (Disaster Recovery).

За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 130 часа, кои може да се реализираат во период од околу 7 недели.

Со цел да се формираат компактни групи, во припремната фаза за реализација на програмата, најпрво се утврдуваат претходните знаења на учесниците, според кои истите се групираат.

Програмата опфаќа содржини од областа на безбедноста на компјутерските системи. Во нејзините рамки ќе се изучуваат: начините за управување со бзбедносни ризици, надзор и дијагностика на компјутерски мрежи, инфраструктура на уредите, начини за идентификација и додеување на право на  пристап, принципи на криптографија, начини на делување на социјалниот инженеринг (Social Engineering).

Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата:

– ќе се реализира формативно следење кое вклучува изработка и водење на портфолио на учесниците:

– собирање на показатели (изработени задачи на компјутер, реализирани практични задачи) за секој ученик посебно;

-тековни (формативни) однапред подготвени евалуациони листи за секој учесник.

-ќе се следи редовност на учесниците, активност на часот, исполнителност при      изработка на домашни задачи, практичните вежби и постигнувањата на контролните тестови и практичните задачи.

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. Оние со редовност од над 70% од планираниот фонд на часови, во зависност од постигнатиот резултат на завршниот испит,   ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ

или само Потврда за посетување на обуката.

Учесниците ќе добијат одлична основа за:

–  понатамошно напредување и надоградба на знаењата во областите: компјутерски мрежи, работа со сервери, Cloud технологии, Cybersecurity и сл.

–  да се вклучат на пазарот на трудот,

–  да работат во фирма или хонорарно,

–  да работат на проекти за странски фирми или

–  да работат во сопственa трговско-сервисерска фирма.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Учесникот во програмата ќе може да се запише ако има: -  навршени 17 години со познавања од областа на информатиката MS Windows 10/8/7 + Internet  (средношколци), - завршено средно (или повисоко) образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 10/8/7 + Internet.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 70
No instructions found !
Пракса 54
No instructions found !
Оценување 6
No instructions found !
Вкупен број на часови 130
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support