Опис на програма

Програма за обука на Oператор со универзална глодалка.

Главна цел на програмата е кандидатот по спроведување на програмата да се стекне со знаења ,вештини и компетенции за примена на основните техники при обработка на металите,како и правилно користење на опремата и инвентарот на машината универзална глодалка.

Со цел да се реализира  програмата,кандидатот треба да ја помине обуката преку теоретски и практичен дел.

Времетраењето на програмата е 260 часа  од кои 52 часа теоретска обука, 195 часа се практична обука во реални работни услови и 13 часа се наменети за оценувањето.

Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува два пати неделно во договор со учесниците,а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок.Теоретската обука ќе се одвива во просторија пренаменета за теоретска обука во рамки на административниот дел на компанијата, под менторство на Дипломиран Машински Инженер.Практичната обука  ќе се одвива во првата хала т.е.машинското одделение на компанијата, под менторство на  Раководителот на машинскиот оддел.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците  ќе се спроведува по завшување на теоретскиот дел   преку проверка на постигнатото со цел споредба на знаењата пред и после теоретската обука, а по завршување и на практичната обука следи и завшен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.По успешно положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот: - ги знае технолошките процеси и ја организира работата; -ги знае  прописите за безбедна работа; -ги знае видовите  на производи; -ги знае карактеристиките на  матерјалите; -ги применува технолошките постапки од припрема до  финализирање готов производ; - ги користи потребната машина и прибор за работа; -ги применува  упатствата за работа на универзална глодалка; - го знае  режимот на работа на универзална глодалка; -ги познава основните помагала ,средства и мерни инструменти; -ги пзнава функциите на универзалната  глодалка; -знае да ракува со универзалната глодалка; -го следи и контролира  работењето на машината; -ги означува производите; -води потребни белешки за евиденција; - комуницира со соработниците; -ги применува мерките за лична заштита; -ги применува мерките за заштита на околината.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]1.Возраст над 15 години 2.Извод од матична книга на родени 3.Документ за завршено основно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 75 75
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 260
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Друштво за производство и трговија увоз-извоз Техногума ДОО, Подружница Техногума Образование на Возрасни Скопје
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support