Опис на програма

Програмата „Оснони вештини за барање работа” на учесниците им овозможува развивање на иновативниот дух, креативното размислување и иницијативност, преку проширување на знаења и вештини за барање работа, како и унапредување на нивниот личен и кариерен развој.

 

Учесниците, со програмата ќе развијат способности за разбирање на важноста од систаматизиран пристап при процесот на барање работа, почнувајќи од следење на информации за објавени огласи за вработување до нивно крајното вработување.

Програмата „Основни вештини за барање работа“ е поделена во два модула.

 

Првиот модул „Преставување на лични професионални компетенции и квалификации“ се однесува на развивање вештини за изработка на Кратка професионална биографија (CV), изработка на Europass CV – европски формат, изработка на мотивациско писмо  и преставување на личната професионалност на интервју за вработување. Кандидатите кои ќе го поминат овој модул ќе станат посвесни за контекстот на работата и ќе стекнат поспецифични вештини и знаења кои придонесуваат во напредокот на социјалните и работните активности.

 

Вториот модул „Изработка на план за личен и професионален развој“ опфаќа развивање вештини и способности за личен менаџмент, иницијативност, проактивност, независност, упорност, креативност, иновативност, самодоверба и тимска работа, во насока на подобрување на професионалниот однос кон работата и работните задачи.

 

Програмата „Основни вештини за барање работа“ се базира на практична работа со симулирани вежби и активности, по принципот на поставување на слушателот во центарот на интересот, преку негово активно вклучување во обуката. Предвидено е таа да се реализира со 25 часови, а еден час да не трае подолго од шеесет минути.

 

Совладувањето на програмата на корисниците ќе им овозможи да добијат значително разбирање за потребата од сеопфатен пристап при вклучување на пазарот на трудот, во насока на наоѓање работа.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата „Оснони вештини за барање работа” учесникот/учесничката ќе:
  • знае да изработува професионална биографија;
  • знае да пополнува Europass CV - европски формат на кратка биографија;
  • знае да составува мотивациско писмо;
  • познава различни пристапи за самопреставување пред работодавец на интервју за вработување;
  • изработува план за личен и професионален развој;
  • препознава можности за вработување;
  • следи различни извори на информации за вработување;
  • разликува лични компетенции и квалификации;
  • прибира податоци за вработување;
  • развива креативност и иницијативност за барање работа;
  • применува вештини на самопрезентирање
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот на обуката за „Оснони вештини за барање работа” треба да ги исполни следните основни критериуми за влез:
  • Лицето да има завршено минимум основно образование;
  • Лицето да биде постаро од 15 години.
 [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 17 70
Пракса 6 25
Оценување 2 5
Вкупен број на часови 25
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support