Опис на програма

Преку оваа  програма,  учесникот на оваа обука, ќе стекне основни знаења и пред се вештини за самостојна  ориентација и мобилност во микро и макро простор. Тоа подразбира дека истиот ќе се запознае со основните техники за ориентација и мобилност пред воведување на белиот стап и тоа: техника на заштита на горен и долен дел на тело,техника на пронаоѓање на испуштен предмет и техника на движење со водич што ќе им овозможи поголема самостојност во секојдневните активности

Во функција на безбедна, целисходна и самостојна ориентација и движење во макро простор учесниците на оваа обука, исто така ќе се оспособат за користење на бел стап и различните техники на белиот стап како и  основните елементи  од процесот на самостојна ориентација и мобилност во населено место.

Програмата  е во времетраење од 4 месеци, со 2 часа неделно индивидуална работа, одн. максимален број на часови реализирани неделно, со вкупен број на учесници е 10, додека во текот на целата обука  190.

На почетокот на обуката ќе се спроведе проценка на знаењата, способностите и вештините за секој учесник посебно и врз основа на добиените резултати ќе се изработи индивидуален план според кој ќе се  организира и работата со секој поединец ,притоа земајки ги во предвид  и индивидуалните интереси, очекувања и мотивација.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот се оспособува да: -ги користи сите свои сетила во функција на ориентација и самостојно движење во микро и макро простор -самостојно  применува адекватни техники на заштита  прилагодени на условите и ситуација -следи водич и правилно ги интерпретира насоките,, активно учествува при движење со друг и инструира лица кои се помалку искусни -ги владее техниките на белиот стап и самостојно врши проценка за адекватноста на дадена техника на одреден простор - се  ориентира и движи во околината на училиштето користејки бел стап[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основен влез на учесникот е да има завршено најмалку основно образование и возраст над 15 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 28 20
Пракса 143 70
Оценување 19 10
Вкупен број на часови 190
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support