Опис на програма

Програмата е насочена кон стекнување на вештини за работа како менаџмент консултант, преку осмислен процес на водење на циклусот на менаџмент консултантвото ( влез, дијагноза, анализа со препораки и акциски план за имплементација на препораките)

Секоја фаза од консултантскиот циклус  е поддржан со практични алатки за идентификување на потребата на клиентот, дијагноза на бизнисот, изработка на препораки и акциски план за спроведување на препораките, попратени теорија за латките,  вежба за нејзина примена и користење на резултатите од вежбата. Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за користење применливи консалтинг алатки за  подобрување на менаџментот на претпријатието за раст на продуктивноста, продажбата и профитот на претпријатието.

Времетраењето на програмата е  35 училишни часа.  Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на  учесникот, организирани во тестови и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и пополнување на обрасците за спроведување на менаџмент консалтинг циклус.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот, со писмен тест и завршен испит за практичниот  дел со усмевна презентација на изработениот акциски план за спроведување на препораки за подобрување на бизнисот. После положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за Вештини за менаџмент консалтинг циклус.

Резултати од програма

[:mk]После завршување на обуката учесникот ќе биде способен да: - Идентификува потреби на менаџери за конустански услуги - Направи дијагностика на бизнисот - Анализира бизнис и формулира препораки за промени во менаџирањето; - Изработи акциски план за споредување на препораки - Го следи менаџерот во имплементацијата на промените во менаџирањето По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да го направи следното: да дефинира цели на консултантскиот ангажман, дефинира акции за спроведување и го води клиентот кон прифатените промени.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Три годишно искуство во менаџирање на фирма.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 43
Пракса 15 43
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 14
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support