Опис на програма

Главна цел на програмата „Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво“е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за градежно-техничките карактеристики на оџачките канали како конструктивен дел од објектот за домување, законски прописи и стандарди кои ја уредуваат областа на оџачарските работи, превентивната проверка на исправноста на оџачките канали, сезонски преку редовни или вонредни проверки, проценка за видовите на опасности како ризик за опасност од пожари на објектите, примена на мерки за заштита при работа, пружање на прва помош во случај на повреда или дуг вид на незгода и навремена евакуација во случај на опасност, правилен избор на потребниот алат и прибор и инструменти за проверка, одружување и чистење оџаци, ракување со опремата, практична употреба и постапување во услови на чистење на оџаците и практична работа со алатките, опремата, инструментите за проверка, чистење и одржување на оџаците, санација на оштетените делови, мерни инструменти и др..

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „ОЏАЧАР за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво“.

Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 55 часа теоретска обука, 125 часа се практична обука во реални работни услови.

Теоретскиоти практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на обучувач, а практичната обука на терен во станбени објекти кои располагаат со очаџи, канали и ложишта,. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност„Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво“.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години. Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 55
No instructions found !
Пракса 125
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support