Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за чистење и испитување на сите видови оџаци во објектите за индивидуално и колективно домување и надворешни делови поврзани со нив, ложишта на цврсто и течно гориво и приклучни цевки, да применува основни техники при работа како и правилно да користи опрема, алат и мерни уреди на работното место. Исто така да спроведува мерки за заштита од пожар и за заштита на животната средина.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 185 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценување. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до сабота кај работодавач. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во училиштето и неа ја изведува наставник и гости-предавачи, специјалисти во област од интерес на програмата, а практичната обука се спроведува во компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршување на прогамата учесниците се стекнуваат со сертификат „ Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво “.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • самостојно ја организира својата работа;
  • рационално користи енергија, алат и време;
  • применува прописи за добра производна и добра хигиенска практика;
  • применува прописи и опрема за заштита при работа;
  • применува прописи за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и екологија;
  • правилно користи, одржува и чува алат, прибор и мерни уреди за спроведување на оџачарската дејност;
  • лоцира елементи и составни делови на оџачките канали и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување, местоположба во градежните објекти, функција и противпожарни карактеристики;
  • лоцира елементи и составни делови на оџачките канали и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување во проекти;
  • самостојно спроведува технолошки постапки за одржување и чистење на чадоводни инсталации и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување;
  • самостојно спроведува превентивно советување во однос на правила и прописи за скалдирање на цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување,
  • самостојно води администрација и евиденција за планирање и извршување на оџачарската дејност во склад со регулативата и законската легислатива;
ја спроведува оџачарската дејност во склад со законската регулатива и легислатива;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
  • минимум основно образование,
  • возраст од најмалку 18 години,
да е психо- фички здрав.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 20
Пракса 185 74
Оценување 15 6
Вкупен број на часови 250
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support