Опис на програма

Програмата се заснова на стандардите потребни за  сaмостојно извршување на работите и работните задачи оџачар, во непосредно учество во спроведување на мерките  за заштита од пожар, спречување на настанување на пожар и експлозии, локализирање и гасење на пожари од запалени оџаци, спасување на имоти и лица загрозени од пожар од запалени оџаци, чадоводни објекти, котли за централно греење, печки за загравање и ложење на тврдо, течно и гасовито гориво.

Програмата е со дво месечно времетраење, или 200 часа, а се состои од тематски целини со стручно теоретски основи и практична обука. Теоретските основа се реализираат во опремени училници/кабинети, а практичната обука во вежбални, кабинет, полигон за вежбање и во реални услови.Практичната обука и вежбите се во функција на оспособување на учесникот за непосредно учество  во чистење на оџаци, чадоводните објекти и уредите за вентилација, чистење на печки за ложење на тврди, течни и гасовити горива, за воочување на  појавите и промените  во работата на оџаците, одводните канали, печки, да применува професионална комуникаци со луѓе и институции, тимски да работи и доживотно да учи и усовршува .

По завршувањето на програмата учесниикот полага завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнува со Сертификат  за стручна оспособеност Оџачар.

Програмата дава можност за вертикално напредување во занимањето.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе може самостојно да работи во сервис за чистење на оџаци(оџаџарски сервис), уреди за ложење, канали за одвод на гасови и вентилациони канали, котли, или да отвори сопстнен бизнис за оџачарска дејност,  ќе ги  препознава индикации и контраиндикации од правовремена откривање на проблеми при работа на оџаци и канали за одвод на чад, ќе изведува разни зафати на чистење на чадоводни објекти,  печки за ложење на тврдо, течно и гасовито гориво, ќе може да одбира и правилно да  ги применува потребни сретства и опрема за чистење на оџаци, безбедно да работи за себе и околината, ќе ги познава правата и обврските од работен однос и водење на сопствен бизни, доживотно ќе учи и усовршува.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно  образование. Да ги исполнува барањата за здравствената состојба според барањата во Законот за пожарникарство и како доказ приложува потврда од соодветна здравствена установа (поропишана со закон).[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 25 25
Пракса 70 70
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support