Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето Парамедик – Давател на итна медицинска помош, со кои ќе може да се зачува животот на повреденото лице преку отстранување на причината која може да доведе до смрт (престанок на дишењето, престанок на работата на срцето, крварење, состојба на изгубена свест, состојба на шок), да се спречат можните компликации, да се намали болката и стравот и да се подобри општата состојба на повредениот, да користи професионални апарати и препарати, применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, познава права и обврски од работен однос.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, 175 часа се практична обука во реални работни услови.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во медицински установи. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Парамедик – Давател на итна медицинска помош“.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот во програмата не е потребно да поседува претходни знаења, вештини и компетенции, да е со завршено најмалку средно образование и да е на возраст над 17 години. Пожелно ниво на образование е завршено средно стручно образование во траење од четири години од здравствена струка. Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот. [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 175 70
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support