Опис на програма

Програмата за обука за оваа одговорна и  многу хумана работа е со главна цел кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.

Програмата е составена од 6 модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе  се оспособи да ја  планира, подготвува и организира сопствената работа  самостојно во домот на корисникот  и/или под надзор на стручно лице во институции/установи.

 

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со посебни потреби, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега.  Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

 

Програмата е со тримесечно времетраење, односно 250 часа, и опфаќа  стручно теоретски содржини во времетраење од 76  часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 164 часа и 10 часа оценување и се изведува во становите на лица со посебни потреби, домови и/или институции за сместување  на лица со посебни потреби, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

Резултати од програма

[:en] [:mk]Ги познава и применува стандардите за работа во соодветната установа Ја анализира дадената задача и ја извршува работата Опишува работи и работни задачи поврзани со работното место Применува основните правила на куќниот ред  и организацијата на работа  на здравствените  и социјалните установи Планира и организира сопствена работа Применува законската регулатива при вршење на својата работа Прилагодување на однесувањето, пријателско и опуштено со цел да се создаде врска, без да предизвика непријатност Организира активности според потребите и барањата на клиентот  во согласност со упатствата и задачите дадени од претпоставените (лекар, медицинска сестра) Планира спроведување на активности поттикнувајќи ги клиентите на активно учество Знае како да му помогне на клиентот да облече анти-емболичен чорапи Знае да смири клиентот кој е вознемирен Извршува проверка на состојбата на домаќинството, покуќнината, уредите и опремата за припомош Разбира основни  состојки на храната потребни за составување и планирање на листа за набавка на намирници Набавува храна според претходно составена листа според здравствената состојба на лицето и препораките од стручни лица Подготвува планирани оброци прилагодени на здравствената состојба, потребите, вкусовите и навиките на клиентот Применува правила при одржување хигиена на домот, чистење, дезинфекција, собирање и отстранување на отпад, медицински отпад и контрола на штетници според упатствата за примена и заштита на околината Применува методи и техники за местење на кревет и  менување на постелнина Врши планирање и набавка на средства за хигиена, чистење и дезинфекција според потребите на лицето и инструкциите од стручните лица Применува лична хигиена кај клиентот Пополнува дневни извештаи за работата со лицето и неговата здравствена состојба според барањата на стручните лица Користи техники за облекување и соблекување на клиенти  во зависност од состојбата во која се наоѓаат (неподвижни и подвижни) Почитува интимност на клиентот Следи препораките дадени од лекар Препознава основни симптоми на промена во општата здравствена  состојба и превзема  активности за спречување со помош на стручни лица Објаснува поимот антисепси и асепси, дезинфекција и стерилизација Објаснува и препознава Декубитус Објаснува и препознава  знаци на тромбоза Превенира и учествува во санирање на Декубитус со помош на стручно лице Изведува дезинфекции  и стерилизации водејки сметка за квалитетот на активностите Користи медицински помагала и апарати за мерење на крвен притисок, пулс  и температура придржувајќи се на основните медицински правила за нивна употреба Набавува лекови според упатствата на лекар Применува ергономски техники во реализирање на соодветните активности во согласност со здравствената состојба на клиентот Познава опрема за припомош Применува принципи и пстапки за дезинфекција Дејствува за унапредување на менталното здравје и благосостојба Ги препознава ограничувањата на менталниот капацитет Води евиденција за складирани и искористени медицински материјали Води медицински дневник, со помош на ИТ Познава закон за социјална заштита во Република Македонија Идентификува  форми на злоупотреба и социјална заштита на семејството и остварувањето на правата на постарите лица Познава човекови права, анти-дискриминација, родова еднаквост и хендикеп Препознава  основни симптоми и знаци на неуролошки  болести Идентификува потреби кај лицата со смалена можност за грижа за себе Развива емпатија и емоционална подршка[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Завршено минимум средно образование Најмалку 18 години Психофизички здрав[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 76 30
Пракса 164 66
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 250
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support