Опис на програма

Подготвителниот курс за меѓународниот испит IELTS се фокусира темелно на структурата на тестот, видот на прашања, начинот на оценување како и на стратегиите и вештините кои се потребни за истиот.

Курсот е наменет за слушатели кои сакаат да го полагаат меѓународниот испит IELTS. На курсот тие ќе се запознаат со должината и стуктурата на тестот и како истиот се спроведува. Исто така ќе се запознаат со видовите на прашања што можат да ги добијат во секој дел од тестот и начинот на кој што ќе бидат оценувани. Дополнително, курсот ќе им помогне на слушателите да развијат соодветни стратегии и вештини коишто ќе им помогнат да го поминат тестот што е можно поуспешно.

Програмата на курсот ги разработува детално сите четири дела од тестот: слушање, читање, пишување и зборување. Слушателите се запознаваат детално со секој дел и преку практични вежби кои се идентични на реалниот тест ги развиваат потребните стратегии и вештини потребни за истите.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на курсот слушателите ќе имаат развиено соодветни вештини и стратегии за секој дел од тестот. Во делот читање  слушателите ќе можат да ги идентификуваат видовите на прашања, соодветниот вокабулар, како да препознаат различни видови на текст и да активираат стратегии потребни за овој дел. Во делот пишување слушателите ќе научат како да одговорат успешно на поставените задачи, како да го збогатат вокабуларот, како да ги организираат идеите во пасоси, како јасно да ги искажат своите идеи и ставови и да пишуваат комплексни реченици соодветни на потребниот стил.   Во делот слушање студентите ќе можат да ги идентификуваат видовите на прашања и ќе развијат стратегии како успешно да го разберат вокабуларот и говорот во секоја од ситуациите. Во делот зборување слушателите ќе можат јасно и течно да се изразат користејки соодветен вокабулар, да ги организираат своите мисли и идеи соодветно, правилно да ги изговараат зборовите и да парафразираат.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Јазична компетенција Б1+[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 94
Пракса 1 3
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support