Опис на програма

Програмата Подготвка за вработување и работа ги обезбедува основните вештини и знаења потребни за да ги постигнете вашите лични и професионални цели, да најдете работа и да развиете здрави работни навики и однесување кои ќе ви помогнат да бидете успешни. Програмата е фокусирана на следното: Вештини за барање работа: идентификување и аплицирање за работа (пишување на апликации за работа, кратки биографии-CV, пропратни писма; писма за благодарност); интервју за работа; Личен развој: идентификување на вредности и интереси; стекнување квалитети и вештини; идентификување на стилови на учење и стратегии; поставување на цели, планирање и следење на напредокот. Соодветно однесување на работно место: Што сакаат работодавачите; Соодветно однесување и ставови на работното место; организација на време; воспоставување на рамнотежа меѓу работата и приватниот живот Комуникациски вештини: зборување и слушање; следење и давање на инструкции и добивање повратна информација; форми на комуникација на работното место; соработување/тимска работа; решавање на проблеми; преговарање; решавање на конфликти.
Времетраењето на програмата е 25 часа. Од кои 10 часа наменети за темата „Вештини за барање работа” и 15 часа наменети за „Личен развој”, „Соодветно однесување на работно место”, „Комуникациски вештини”. Реализацијата на програмата (теоретска обука) треба да се изврши со користење на интерактивни методи и техники на работа: учество и работа во пар, дискусија во парови и групи, индивидуална работа, играње улоги, бура на идеи, самостојно истражување, учење преку решавање проблеми, симулација, презентација, панел-дискусија и други методи и техники кои ќе ја подобрат реализацијата на програмата. Практичната обука се состои од активности спроведени од самите учесници, изработки, анализи на случаи, разговори со работодавачи, посети на агенции за вработување, изработка на SWOT анализа, изработка на индивидуален кариерен план, учество во симулации за интрвју за работа, изработка на сопствена професионална биографија, сопствени презентации преку индивидуална и групна работа.
Учесниците преку оваа програма ќе ги зајкнат своите лични и социјални компетенции, ќе го утврдат значењето и силата на сопственото јас, што придонесува за развивање самодоверба, ќе го сфатат значењето на личниот и професионалниот развој, ќе ги охрабри да соработуваат во групи и градат меѓусебна доверба, да почитуваат правила и норми на однесување во комуникација со другите, ќе им се прошират видиците и просторот за можно одлучување во поглед на занимањата и избор на професијата. По завршувањето на обуката учесниците се стекнуваат со сертификат за програмата „Подготовка за вработување и вештини за барање работа“

Резултати од програма

[:mk]Учесниците преку оваа програма ќе ги зајкнат своите лични и социјални компетенции, ќе го утврдат значењето и силата на сопственото јас, што придонесува за развивање самодоверба, ќе го сфатат значењето на личниот и професионалниот развој, ќе ги охрабри да соработуваат во групи и градат меѓусебна доверба, да почитуваат правила и норми на однесување во комуникација со другите, ќе им се прошират видиците и просторот за можно одлучување во поглед на занимањата и избор на професијата. Да бидат одговорни, објективни.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование, спремност за стекнување нови знаења, мотивираност за стекнување вештини за планирање кариера, основни познавања за работа со компјутер.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 8 32
Пракса 15 60
Оценување 2 8
Вкупен број на часови 25
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support