Опис на програма

Програмата се заснова на стандарди потребни за  сaмостојно извршување на работите и работните задачи пожарникар, во непосредно учество во спроведување на мерките  за заштита од пожар, спречување на настанување на пожар и експлозии, локализирање и гасење на пожари, спасување на имоти и лица загрозени од пожар и елементарни непогоди. Истата   е со четири месечно времетраење, или 400 часа, а се состои од тематски целини за теоретска настава и практична обука. Часовите по теоретска настава се реализираат во опремени училници/кабинети, а практичната обука во  кабинет и во реални услови во единица за противпожарна заштита.

Практичната обука и вежбите се во функција на оспособување на учесникот за непосредно учество  во гасење на пожари, спасување на луѓе и материјални добра, давање на дневни извештати за  настаните, појавите и промените  за кои се води евиденција, да применува професионална комуникаци со луѓе и институции, тимски да работи и доживотно да учи и усовршува .

По завршувањето на програмата учесниикот полага завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнува со уверение за стручна оспособеност за пожарникар  по верификувана програма.

Учесникот во оваа програма може вертикално да напредува во програми од повисоко ниво  за ова занимање.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе може да работи во противпожарна бригада ќе објаснува индикации и контраиндикации од правовремена противпожарна заштита, ќе изведува разни зафати на рушење, сечење, разбивање, ќе може да одбира и правилно да  ги применува разните потребни средства и опрема за гасење на пожар, спречување на пожaри и експлозии, да спасува лица и имот, ќе може да  согледува индикации и контраиндикации од пожари и избувнување на нови, професионално ќе ракува со апарати и опрема за гасење, ќе применува високи морални норми при работата, тимски ќе работи, соработува и помага и доживотно ќе се усовршува и напредува во занимањето.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено тригодишно или четригодишно образование образование и 16 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени, вид, слух, осетливост на поместувања и промена на отпорот, одмерување на напорот потребен за различни работи и зафати Личност со емоционална стабилност, храброст, присебност, среденост и самоконтрола.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 149 37
Пракса 238 60
Оценување 13 3
Вкупен број на часови 400
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support