Опис на програма

Програмата се заснова на стандардите 5411 (дадени во Национална класификација на занимањата, државен завод за статистика 2011), потребни за  сaмостојно извршување на работите и работните задачи пожарникар, во непосредно учество за спроведување на мерките за заштита од пожар, спречување на настанување на пожар и експлозии, локализирање и гасење на пожари, спасување на имоти и лица загрозени од пожар и елементарни непогоди.

Времетраењето на програмата е со шест месеци, или 750 часа.

Програмата е структурирана по тематски целини со стручна теоретска настава и практична обука.

Теоријата се реализира во опремени училници/кабинети, а практичната обука во вежбални, кабинет, полигон за вежбање и во реални услови во единицата за противпожарна заштита.

Практичната обука и вежбите се во функција на оспособување на учесникот за непосредно учество во гасење на пожари, спасување на луѓе и материјални добра, давање на дневни извештати за  настаните, појавите и промените за кои се води евиденција, да применува професионална комуникаци со луѓе и институции, тимски да работи и доживотно да учи и усовршува .

По завршувањето на програмата учесниикот полага завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнува со Сертификат  за стручна оспособеност за пожарникар  по верификувана програма.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе може да работи во противпожарна бригада или вод,   ќе ги  објаснува индикации и контраиндикации од правовремена противпожарна заштита, ќе изведува разни зафати на рушење, сечење, разбивање, ќе може да одбира и правилно да  ги применува разните потребни средства и опрема за гасење на пожар, спречување на пожaри и експлозии, да спасува лица и имот, ќе може да  согледува индикации и контраиндикации од пожари и избувнување на нови, професионално ќе ракува со апарати и опрема за гасење, ќе применува високи моралните норми при работата, тимски ќе работи, соработува и помага и доживотно ќе се усовршува и напредува во занимањето.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку средно  образование. Да ги исполнува барањата за здравствената состојба според барањата во Законот за пожарникарство и како доказ приложува потврда од соодветна здравствена установа (поропишана со закон)[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 200 27
Пракса 520 69
Оценување 86400 30
Вкупен број на часови 750
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support