Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за извршување на занимањето помошник козметичар во салон за козметика под надзор. Програмата се темели на стандарди за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведуваат во салони за козметика. Програмата е со времетраење од 200 часа.
По успешното завршување на програма учесникот ќе се оспособи да изведува под надзор разни видови третмани на лице во зависност од видот на кожата на лицето, нега на стапалата, педикир и нега на рацете, манакир, да шминка, стилизира и декорира, да применува солариум и други техники на темнеење, да применува професионални препарати, да применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации на апарати, опрема, инструментите и приборот за работа како помошник козметичар.
По завршувањето на програмата се полага завршен испит, со што учесникот кој со успех ќе го положи испитот се стекнува со сертификат за работна оспособеноста за помошник козматичар по верификувана програма.Програмата дава можност за вертикална проодност за повисоко ниво

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи да работи на занимањето помошник козметичар под постојан надзор во салон за козметика. Учесникот ќе може да применува различни видови на нега и третмани на лицето, бојадисување и обликување на веѓи и трепки, надусници, да шминка, да изведува епилации, депилаци, нега на стапала, педикир, нега на раце и манакир, да користи апаратите за наведени третмани, да ги одржува апаратите и приборот со кој работи, да применува хигиено технички мерки за лична и заштита на работната средина, да се штити себеси и клиентите од разни инфекции, да применува етички норми и ефикасна комуникација со клиентите, да ги познава правата од работен однос.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни стекнати и развиени способности, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, да е спретен, и има чувство за естетика и уредност[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 20
Пракса 150 75
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support