Опис на програма

Теоретската обуката ќе се организира и реализира во училниците на училиштето. Практичната настава ќе се реализира во козметичките салони во градот. Практичната настава ќе се организира со тимска работа, од двајца обучувачи за реализација на поставените стручни компетенции на кандидатите. Секој кандидат ќе има свое работно место во козметички салони и ќе биде набљудуван од страна на обучувачите во салоните. Групата која се обучува не треба да биде поголема од 10 кандидати. Ќе се работи во затворен простор. Опремата, апаратите, приборот и материјалот одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Тоа се: основна опрема –  козметичко столче, работна маса, лупа, вапазон, апарат за восок (топла депилација), мал апарат за восок (топла депилација), апарат за греење на патрони за депилација, табла и др. Прибор за работа – платно за покривање, крпи, прибор за маникир и педикир, ножици, пинцети и  памук. Потрошен материјал – вата, газа, хартиени ролни, пластична фолија, алкохол, дестилирана вода, дезинфициенси и др. Препарати – млека, лосиони, тоници, крема, восок и препарати за шминкање. Ќе се обезбеди заштита при работа како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката.

Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите на модуларната единица за да може да се упатат на писмена и практична проверка на знаењата.

Резултати од програма

[:mk]Кандидатот ќе биде оспособен да: • познава морфологија и функција на кожата и нејзините делови; • препознава разни видови на кожа; • разликува природни, полусинтетски и синтетски суровини во козметички препарати; • ја знае примената на суровините во козметичките препарати; • разликува депилација од епилација; • научи како дејствува восокот врз влакното; • познава различни видови на депилација; • знае да применува восок и да прават депилација на нозе и раце; • ги познава движењата кај масажа на телото; • применува разни техники на масажа на тело и лице; • познава алат и прибор за маникир и педикир; • познава препарати за нега и разубавување на нокти на раце и нозе; • ги применува техники за масажа на раце и нозе; • применува различни видови техники на маникир ( пр. француски ) и педикир; • применува препарати за нега на стапала; • знае да одбере и примени соодветен прибор за шминкање • ги познава правилата за нанесување на шминката: ускладување на бои, бирање на бои, за која прилика е шминката, припремање на лицето за шминкање; • знае да нашминка различни видови на лице; • знае да нашминка детали на лице ( очи, нос, уста ); • знае да ги обои веѓите и трепките;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]1. Основно ниво на образование: основно образование и возраст најмалку од 18 години. 2. Пожелно ниво на образование: тригодишно образование од струка лични услуги 3. Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support