Опис на програма

Програмата за помошник фризер се состои од осум тематски целини, а проверката на постигнатите цели  од програмата ги опфаќа  сите тематски целини. Клучна улога во овој вид на образование има мотивацијата што обучувачот треба ја пружи како инструктор, а не  kako контролор на учесникот. Тој е повикан да му помогне на учесникот односно кандатот во неговото самообразование и стекнување на вештини преку  усни искажувања, демонстрирање на вештини и знаења кои кандидатот треба да ги развива во текот на обуката .

Обуката  по тематските целини  е ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно е ориентирана. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно, а ќе  се користи макрометодот проектна задача. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените  тестови наставникот ја заклучува оценката. За сите изработки на учесниците се води евиденција  во нивните портфолија. Доколку кандидатот не ги постигне целите од тематските целини се упатува повторно на постигнување на истите.

Оваа програма треба да води кон сертификат за помошник фризер во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Испитот се состои од практична задача и стручно теоретски дел.Практичната задача се состои од изработка на вежба.Стручно теоретскиот дел се состои од тест задачи.За секој дел од испитот кандидатот се оценува со оценки од 1 до 5.Сите оценки се преодни освен оценката 1.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 240 до 480 минути во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.

Услов за напредување во програмата  е учесникот сукцесивно да ги совладува со успех  тематските целини содржани во  оваа програма.  

Услов за завршување на програмата за помошник фризер  е учесникот да ги изработи успешно сите предвидени задачи и активности  предвидени со програмата и на крајот да го положи финалниот испит кој се состои од стручно теоретскиот дел и практична задача.

 

 

 

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот e oспособен за : уредување на работното место, одржување на хигената, коректно комуницирање со клиентите, миење на коса со примена на адекватни препарати, боење на коса, примена на кадрење со мини вал, фенирање, стрижење и пострижување, негување на оштетена коса и  изготување на разни видови фризури.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Посебни критериуми за влез во оваа програма нема, освен учесникот да има минимум завршено основно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 8
Пракса 500 91
Оценување 5 1
Вкупен број на часови 550
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support