Опис на програма

Програмата за обуката вклучува теоретски и практични часови, како и часови за приправничко стажирање преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како професионални поставувачи на рекреативно-планинарски патеки – маркацисти.

Програмата трае вкупно 112 часови од кои 30 часа теорија, 67 часа практична обука и стажирање (25+42) и 15 часа оценување.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат во текот на една недела. Теоретската обука ќе се одвива во простории обезбедени од ФПСМ, под водство на искусни предавачи, а практичната обука ќе се изведува на планинските терени во близина на просториите за теоретска обука.

Вреднувањето на постигнувањата ќе се спроведува преку теоретска и практична проверка на учесниците преку планинарска приемна тура, писмена и практична проверка , две испитни семинарски задачи  и приправничко стажирање .

 

Приправничкиот стаж ќе се изведува во утврдени датуми  во договор со учесниците, на планинските терени на целата држава. По успешно реализиран приправнички стаж, учесниците се стекнуваат со сертификат „Поставувач на рекреативно-планинарски патеки – маркацист “.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Општи критериуми се : - возраст, најмалку 18 години , - завршено средно образование (четиригодишно или тригодишно); - три години активност во планинарење; - членство во планинарски клуб,  член на ФПСМ; - добра здравствена состојба. Посебни критериуми се : - способност за самостојно движење; - најмалку 15 различни тури по планинарски патеки (во последните три години); Учесникот го докажува исполнувањето на посебните критериуми преку список на реализираните тури. Посебните критериуми кандидатот треба да ги исполни до денот на пријавување за обука. Пред започнување на обуката, со кандидатите се реализира приемна планинарска акција со која се проверува физичката и психичката подготвеност. Воедно се прави и приемен теренски тест, кој го утврдува нивото на знаење и подготвеност за стекнување лиценца.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45
No instructions found !
Пракса 67
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 112
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support