Опис на програма

 

Почетниот курс за англиски јазик треба да ги оспособи кандидатите за основно комуницирање,
пишување, читање и разбирање на англиски јазик.
Програмата се реализира во 2 семестри во времетрање од 4,2 месеци со вкупно 200 часа, од
кои 40% теорија, 49% пракса и 11% проверка на знаење, поделени во две модулни групи (А1.1
и А1.2) од 100 часа. Кандидатот по апсолвирањето на курсот треба да биде способен да
разбира, чита, пишува, зборува на основно ниво, а исто така да ја има основата за
понатамошно надградување.
Стандардот за англиски јазик кој го обезбедува оваа програма се темели на две категории:
Знаење и Вештини и способности.
Во усвојување на системот Знаење влегува усвојувањето на лексички единици, граматички
структури и комуникативни модели во рамките на обработените теми и содржини.
Во рамките на Вештини и способности се врши проверка на рецептивни вештини и
способности, репродуктивни и продуктивни вештини и способности.
Совладувањето на стратегијата за учење и користење на знаењето е исто така стандард за
мерење на вештините и способностите на учесниците во оваа програма за совладување на
англискиот јазик.
При дефинирање на програмата земени се предвид насоките на Заедничката Европска рамка
за јазици (CEFR), според која оваа програма го задоволува нивото на подготвително ниво – А1
поделено во поднивоата А1.1 и А.1.2

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Може да се претстави себеси и другите и може да поставува и да одговара на прашања околу лични детали од типот каде живее, кои луѓе ги познава и нештата што ги има. Може да води едноставен разговор под услов соговорникот да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум основно образование без познавање на англиски јазик.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 40
Пракса 49 49
Оценување 11 11
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support