Опис на програма

Програмата за претприемништво и вештини за планирање на бизнисот е осмислен логичен процес за трансформација на идејата во конкретен бизнис план. Секој чекор од процесот е поддржан со практични алатки за планирање и водење на бизнис, опфаќајќи информации и знаење за темата, изработка на вежба за алатката и користење на резултатите од вежбата за изработка на бизнис планот на учесникот.

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за користење применливи алатки за  планирање на нов бизнис и оценка на одржливоста на бизнисот на пазарот. Преку програмата учесникот ќе се оспособи за: искористување на својот претприемачки дух преку разбирање на процесот на започнување и водење на сопствен бизнис; идентификување и селекција на бизнис идеи во рамки на можностите од окружувањето;   примена на претприемачки и деловни вештини за мобилизирање ресурси и планирање на капацитет на претпријатието;, предвидување на финансиите и идентификување на ризиците. Да осмислува промотивни, маркетинг и продажни активности за ефикасна комуникација со пазарот и задоволството на купувачите. Учесникот  ќе развие лидерски вештини за изработка на Бизнис планот за својата идеја и ќе ги идентификува начините за отпочнување со бизнис, користејќи ги достапните форми на поддршка во Македонија.

Времетраењето на програмата е  60 училишни часа.  Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на  учесникот, организирани во тестови и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и пополнување на обрасците за опис на бинзис идеата и на Бизнис планот.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот, со писмен тест и завршен испит за практичниот  дел со усмена презетанција на изработениот Бизнис план. После положениот завршен испит уесникот се стекнува со сертификат за Претприемништво и вештини за планирање на бизнисот.

Резултати од програма

[:mk]После завршување на обуката учесникот ќе биде способен да:
  • ги користи претприемачките карактеристики за поставување бизнис цели
  • генерира и селектира бизнис идеја врз основа на можностите на окружувањето
  • применува алатки за подготовка на бизнис и маркетинг план
  • дефинира производен асортиман
  • планира ресурси за постигнување одреден капацитет на производство
  • опишува профил на купувач, анализира локален пазар и конкуренција ,
  • дефинира пазарно учество за бизнис идејата
  • осмислува промотивни активности и средства,
  • разликува видови на продажба
  • изработи план на годишна продажба
  • пресмета цена на чинење и продажна цена
  • опише видови на трошоци и нивниот начин на калкулирање
  • предвидува праг на рентабилност
  • разликува постојани и тековни средства
  • опишува извори на финасирање
  • изработи план за почетни инвестиции во бизнисот
  • пресметува добивка и загува од работењето
  • изработи планиран биланс на успех, биланс на состојба и готовински тек
  • анализира пазарна одржливост на бизнис идејата
  • го дефинира бизнис моделот
  • изработува бизнис план
  • акциски план за регистрирање на бизнисот
  • презентира одржливост на Бизнис планот пред инвеститори
По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да го направи следното: да дефинира  бизнис цели; да развие Бизнис идеја и да изработи Бизнис план.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Кандидатите треба да бидат постари од 18 години Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование) Интерес за стекнување на знаење за претпримеништво и вештини за планирање на бизнисот.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 33
Пракса 36 60
Оценување 4 7
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support