Опис на програма

Оваа програма обезбедува поттикнување на учесниците за основање на бизниси преку стекнување на знаења, вештини и компетенции за имплементирање на креативните идеи и иновации, развивање на идниот деловен потфат преку правилно маркетиншко работење и управување, мерење и оценување на истиот.
Времетраењето на програмата е 45 часа. Теоретската обука се изведува интерактивно преку примена на повеќе методи и техники и образовна технологија. Практичната обука се состои од активности спроведени од самите учесници, изработки, анализи на случаи, разговори со успешни бизнисмени, сопствени презентации преку индивидуална и групна работа, посети на институции, креирање на елаборати, пополнување на документи и обрасци.
Учесникот преку оваа програма ќе се оспособи да го поттикне претприемничкиот дух, да анализира можности и состојби во опкружувањето, да препознава добри идеи, да планира ресурси, да прави финансиски конструкции, да предвидува ризици, да направи добар бизнис план, да го научи патот и начинот како и со кои документи и во кои институции ќе го отвори бизнисот. Потоа како да прави промоции, маркетинг на дејноста, како да мотивира и комуницира, како да се грижи за квалитетот во работата. Да биде одговорен, објективен, да развие лидерски вештини.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот и практичниот дел преку проверување на знаењата со тест и полагање практичен дел со сопствени презентации на бизнис планови со сите компоненти. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат за „Претприемништво и водење бизнис„

Резултати од програма

[:en] [:mk]По завршување на обуката учесникот ќе биде способен да идентификува можности за претприемништво во својата струка, ги наведува карактеристиките на претприемачот, обезбедува информации за основање на сопствен бизнис, подготвува план за потребни ресурси, изработува профил на компанија со мисија и визија, изработува промотивен материјал,калкулира продажна цена, презентира бизнис идеа, разликува трговски друштва, го осознава поимот трговец поединец и трговско друштво, ја препознава најсоодветната форма на друштво за идејниот бизнис, знае институционално да го регистрира бизнисот, препознава лојална и нелојална конкуренција,ги познава правата од работен однос.[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Завршено средно образование, спремност за стекнување на нови знаења, мотивиран да стекне вештини за планирање и отварање на свој бизнис, основни познавања за работа со копјутер[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 45
Пракса 22 49
Оценување 3 7
Вкупен број на часови 47
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support