Опис на програма

Главна цел на програмата за претприемништво и деловни вештини е да овозможи запознавање со теоријата и практиката на претприемништвото, равивање на преприемачкиот дух, како и стекнување на лични вештини и компетенции неопходни за успешно планирање и водење на бизнис.

 

Програмата е интерактивна и поддржана со активни методи, практични вежби, работилници, искуствено учење и современи алатки, со цел учесниците да се запознаат со целокупниот процес на планирање и водење на бизнис – од развивање на бизнис идеја, преку изработка на бизнис план, до стекнување на вештини за управување со компанијата, како и стекнување на вештини за идентификација на можностите и справување со предизвиците кои произлегуваат од самиот бизнис и од окружувањето.

Наставните методи за реализација на програмата го поттикнуваат претприемачкиот дух, самоиницијативноста, тимската работа и креативноста на учесниците.

 

Програмата е составена од два модули, при што секој модул претставува едукативна целина која што се надоврзува на претходниот модул и обезбедува знаења и вештини поврзани со предметот/темите во модулот.

 

1. Првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот.  Преку овој модул, учесникот ќе се запознае со претприемништвото и ќе го разбере претприемачкиот процес. Овој модул исто така ќе ги опфати карактеристиките на успешен бизнис, ќе ја поттикне креативноста и ќе им овозможи на учесниците да развијат претприемачки дух, способност за препознавање на бизнис можностите, способност да се справуваат со предизвиците на самиот бизнис, како и предизвиците кои произлегуваат од окружувањето, како и да дефинираат сопствена бизнис идеја за производи или услуги во контекст на основање на сопствен бизнис, способност за подготовка на бизнис план и способност за идентификување и определување на потребни средства за бизнисот.

 

2. Вториот модул од програмата се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис. Преку оваа едукација, учесниците ќе се запознаат со потребните вештини за успешно водење на секојдневните бизнис операции, со цел да идентификуваат кои вештини е потребно да ги развиваат или подобрат за успешно да го водат својот бизнис.  Овој модул ќе ги опфати круцијалните бизнис вештини како:

  • Управување со финансии и трошоци
  • Маркетинг,
  • Продажба,
  • Грижа за клиенти,
  • Правни и законски аспекти,
  • Деловна етика,
  • Лидерство,
  • Комуникациски и преговарачки вештини,
  • Управување со човечки ресурси, проекти и време,
  • Вмрежување (Networking)

 

 

 

Преку практичниот дел од програмата, учесниците ќе стекнат потребни знаења и вештини за дефинирање на профитабилна бизнис идеја, изработка на бизнис план, подготовка на SWOT анализа, како и ќе се запознаат со деловните вештини неопходни за водење на бизнисот.

 

Времетраењето на програмата е 3 (три) месеци, поточно 60 часа (1час = 60мин). Од вкупно 60 часа, 20 часа се предвидени за теоретска обука и настава во современо опремен кабинет/училница, 36 часа се за практична обука која ќе се реализира преку вежби и активности во кабинет/училница под менторство на обучувачите, 4 часа се предвидени за оценување.

 

Оценувањето ќе се одвива во три фази, односно првата фаза е писмен испит по завршување на теоретскиот дел од првиот модул, втората фаза е писмен испит по завршување на теоретскиот дел од вториот модул и третата фаза следи по завршување на практичниот дел од обуката и ќе опфати завршен испит кој подразбира презентација на изработениот бизнис план.

 

Учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката, се стекнуваат со сертификат за “Претприемништво и деловни вештини” по верифицирана програма од ЈУ Центар за образование и Министерството за образование и наука на РМ.

 

Успешното завршување на оваа програма ќе ја подобри конкурентноста на учесниците на пазарот на труд и ќе ја зголеми можноста за самовработување преку отворање на сопствени бизниси.

 

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата, учесникот:  
  • Познава основи на претприемништво и претприемачкиот процес.
  • Дефинира претприемачки вештини.
  • Манифестира самоиницијтивност и мотивираност за започнување на сопствен бизнис.
  • Дефинира бизнис идеја согледувајќи ги бизнис можностите и ризиците.
  • Изработува бизнис план и дефинира SMART цели.
  • Дефинира и опишува производ/услуга.
  • Опишува целен пазар.
  • Анализира пазар и конкуренција.
  • Дефинира маркетинг и продажен план.
  • Дефинира цена на чинење и продажна цена.
  • Изработува SWOT анализа за бизнисот и окружувањето и дефинира стратегии согласно анализата.
  • Разликува различни ризици и дефинира стратегии за справување со истите.
  • Определува потребни ресурси (физички, човечки, финансиски).
  • Анализира деловно окружување и проценува бизнис клима.
  • Распознава и анализира различни извори за финансирање на бизнисот.
  • Разбира, дефинира и разликува финансии и трошоци на претпријатие.
  • Дефинира финансиски план и план на успех.
  • Разликува и опишува излезни стратегии.
  • Разбира и унапредува деловни вештини неопходни за водење на бизнис (финансиски, маркетинг, продажба итн.).
  • Познава деловна етика и применува етичко однесување.
  • Применува форми на соодветна вербална и невербална деловна комуникација.
  • Применува вештини за преговарање.
  • Управува со ресурси, време и проекти.
  • Разбира правни и законски аспекти за основање и водење на сопствен бизнис.
Идентификува мрежа на потенцијални клиенти, релевантни организации, институции, партнери, настани, бизнис заедница.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 33
Пракса 36 60
Оценување 4 7
Вкупен број на часови 59
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support