Опис на програма

Програмата за претприемништво ќе опфати 50 часа. Главна цел на обуката е учесниците да ги разбираат основите и принципите на претприемништвото, да можат да спроведат истражување во врска со претприемничка идеја, да предложат ефективни насоки за делување на постоечки претприемнички бизниси, да дизајнираат конкурентен бизнис модел, да развијат маркетинг план, оперативен план, финансиски план , да ја подобрат креативноста и иновативноста. Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасни, а практичната обука се состои од активности организирани со тестови, вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа, опис на бинзис идеја и на Бизнис план. По успешно завршената обка учесникот полага завршен испит и се стекнува со државно признат Сертификат.

Резултати од програма

[:mk]- - идентификува можности за претприемништво, - набројува карактеристики на претприемач, - стекнува способности за откривање на можности за самовработување - подготвува план за основање на сопствен бизнис, - презентира бизнис идеја, - изработува профил на компанија, - изработува промотивен материјал, - разликува трговски друштва, - ги препознава поимите трговец поединец и трговско друштво - калкулира продажна цена, - разликува извори и начини на финансирање на бизниси; - изработува едноставни финансиски извештаи - препознава лојална и нелојална конкуренција, - познава правата од работен однос, - применува вештини на презентирање [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk] Завршено минимум средно образование, возраст над 17 години и основни познавања за работа со компјутер [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 40
Пракса 25 50
Оценување 5 10
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support