Опис на програма

Програмата„Претприемништво“на учесниците им овозможува развивање на претприемачкиот дух, иновативното размислување и иницијативноста преку проширување на знаењата и здобивање на вештини од областа на претприемништвото и бизнисот.Програмата „Претприемништво“ е поделена на три модули.

Првиот модул се однесува на претприемништвото и претприемачкоит процес. Овој модул е поделен на шест теми, и тоа на 1. Претприемачки процес, 2. Што е претприемач? 3. Развивање на бизнис идеја 4.Развивање бизнис модел 5.Подготовка на бизнис план и 6.Менаџирање со претпријатието.
Учеснициоте во обуката според овој модул,ќе развијат способности за разбирање на претприемништвотои претприемачкиот процес и светот на бизнисот од аспект на идентификување на сопствена бизнис идеја.

Вториот модул од програмата „Претприемништво“ се однесува на бизнис аспекти на претприемништвото од каде учесниците ќе можат да ги научат основните поими и категории на бизнисот. Тие ќе им помогнат полесно да ја осознааат економската позадина на претприемништвото и да бидат во можност да даваат економска оценка на потенцијалниот бизнис модел и бизнис идеја.Овој модул е поделен на четири теми, и тоа: 1. Претпријатие и форми на претпријатија, 2. Капитал и извори на капитал 3. Трошоци и 4. Маркетинг.

Третиот модул се однесува на „Изработка на бизнис план“. Преку овој модул, кој има практичен карактер учесниците ќе можат заедно со советодавната улога на тренерот да изработат бизнис план на сопствена бизнис идеја која произлегува од нивните стекнати искуства, вештини, способности, знаења, афинитети, можности итн.

Учесниците преку програмата „Претприемништво“ ќе ги развијаткомпетенциите за иницијативност, независност, упорност, креативност, иновативност, самодоверба, тимска работа, како и основни бизнис вештини од областа на менаџментот, маркетингот, финансиската писменост и др.Програмата „Претприемништво“ че се реализира со вкупно 45 часови. а еден час да не трае подолго од шеесет минути.
Стекнатите знаења, вештини и способности ќе им овозможат на учесниците да развијат претприемачка иницијатива за отпочнување на сопствен бизнис и нивно самовработување.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот/учесничката - знае основни претпиемнички процеси и карактеристики; - знае за иновации и ризик во бизнисот; - познава претприемачки процес; - развива бизнис модрел (Business model canvas) - стекнува претприемнички вештини и однесување; - стекнува способности за откривање на можности за самовработување, - организира и управување со сопствен бизнис; - знае поими, правила и постапки за изработка на бизнис план; - изготвува бизнис план; - знае за капитал и средства на претприејатието; - познава видови трошоци; - разликува извори и начини на финансирање на бизниси; - изработува едноставни финансиски извештаи; - применува проектен пристап во фукција на осознавање на бизнис вештините; - знае форми на трговски друштва; - знае да истражува и да ја оценува точноста, релевантноста, соодветноста на прибраните податоци - применува електронски информациски извори; - се оспособува за посветеност кон постигнување на професионални и лични цели; - определува мисија и визија на бизнисот; - применува вештини на презентирање.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот на обуката за „Претприемништво“треба да ги исплни следните основни критериуми за влез: - Лицето да има завршено средно четиригодишно образование - Лицето да има завршено средно трогодишно образование - Лицето да биде постаро од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 51 51
Пракса 20 44
Оценување 2 5
Вкупен број на часови 45
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support