Опис на програма

рограма за развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженерите е специјално дизајнирана програма е наменета за доедукација на инженери. Истата е развиена во склад со потребите на инженерите како возрасни ученици, нудејќи им иновативни можности за учење и стекнување нови вештини и вклучувајки ја нивната професионална позадина и искуство.
Содржината на програмата е креирана според спроведените анализи:
• Анализа на потребите и предизвиците на менаџерите инженери
• Преглед на најновите и ефикасни програми за обука
• Проверка на европските стандарди за менаџмент и лидерство.
Обуката е организирана во два модула, поделени во тематски целини (предмети).
Во модул 1, Развој на лични менаџерски вештини, постојат 3 курсеви, сите се фокусираат на развој на нови вештини на лично ниво, кои се од суштинско значење за управувањето со работното место:
1. Емоционална и духовна интелигенција,
2. Управување со времето и стресот,
3. Свесност: да се биде присутен во работата и животот.
Ќе бидат обезбедени специјални сесии еден-на-еден за секој учесник во текот на програмата, со цел да се обезбеди доволно поддршка за подобрување на личниот развој.
Во Модул 2, управувањето и водењето на паметни организации, има 5 курсеви кои ќе им помогнат на менаџерите-инженери да развијат нови менаџерски и лидерски вештини и успешно да управуваат со паметните организации:
1. Стратегиски менаџмент
2. Проектен менаџмент
3. Управување со финансии и ризици
4. Организациско однесување и лидерство
5. Маркетинг менаџмент за инженери.
Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини од областа на менаџмент и лидерство.
Времетраењето на Програмата е 225 часови.
Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење, комбинација на е-учење и учење во училница, со пристап насочен кон учесникот. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.
Динамиката на секој предмет се состои од три дела:
– Пред курсот – учесниците ќе се подготват за темата преку е- учење (видеа, презентации и читање);
– Главен дел – во училница, во текот на еден викенд, каде што учесниците ќе се вклучат со обучувачот и нивните врсници во работилница со различни интерактивни методи на обука;
– Пост-курс – учесниците ќе ги применат своите нови знаења и вештини со е-учење (индивидуални задачи и форуми).
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат после завршувањето на секоја тематска целина, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како инженери менаџери. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој уесник.
Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програмата за развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженерите.

Резултати од програма

[:mk]После завршување на програмата, секој учесник ќе биде способен да: планира, координира, организира, мотивира, контролира, води и извршува работни акотивности како раководител или менаџер. Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програмата за менаџерски и лидерски вештини кај инженерите. Сертификатот ќе биде препознаен на пазарот на труд од компаниите кои работат во областа на инженерските науки или од јавните институции каде според систематизацијата работат инженери на раководна функција. После успешното завршување на Програмата сертифицираните учесници ќе може да се вработат во некоја од тие компании или институции на раководна позиција или бидат унапредени на истата.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Во Програмата може да земат учество учесници кои ќе се пријават на отворениот повик. Учесниците треба да имаат завршено високо образование, да имаат минимум 5 години работно искуство т.е минимум 3 години искуство во раководни позиции и да покажуваат интерес за учество и желба да се стекнат со сертификат за професионален развој за инжинерство за управување и лидерски вештини[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 35
Пракса 125 56
Оценување 20 9
Вкупен број на часови 225
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support