Опис на програма

Програмата за  занимањето Производител на леб, бурек и бели пецива е  во времетраење од 300 часа и се темели на стандардите за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од  стручната теорија се реализираат во времетраење од 60 часа  и се изведуваат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во работилници за производство на леб и бели пецива.
Практичната обука е во времетраење од 210 часа. Обуката по  програмата се изведува  од искусни обучувачи од областа на  производство на леб и бели пецива. Програмата се реализира преку следните тематски целини: организација и подготовка на работното место, хигиена и санитација, основи на прехранбената микробиологија, суровини во пекарската индустрија, производство на леб, производство на бели печива, производство на влечено и лиснато тесто, изработка на квасни теста за пржење и бизнис и права од работен однос. По успешнотпо завршување се стекнува со сертификат  по верификувана програма од Производител на леб и бели пецива од верификувана институција за образование на возрасни.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе може да работи како  пекар во пекарска индустрија, или да се самовработи  со отварње на пекара за производство на леб, бурек  и бели пецива. Учесникот ќе изведува технолошки фази за производство на различни видови на леб, бурек, пити, лиснато тесто и пржено тесто, ќе ги користи машини и уреди за наведените фази, ќе ги одржува апаратите и приборот со кои ќе работи, ќе води грижа за квалитетот на производот и запазување на прописите за хигиена и санитација за работа со прехрамбени производи,  ќе ги применува хигиено технички мерки за лична и заштита и заштита на работната средина, ќе користи стручна терминологија, ќе  ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис, постаојано ќе се усовршува и надградува. По успешно завршување на рограмата ќе се стекне со Сертификат по веривикувана  програма од Установа за образование на возрасни[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и возраст над 15 години и санитарен уред.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support