Опис на програма

Програмата за занимањето Производител на леб, бурек и бели печива е во времетраење од 300 часа и се темели на стандардите за занимањето чии компетенции се постигнуваат преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од стручната теорија се реализираат во времтраење од 65 часа и се изведуваат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во работилници за производство на леб, бурек и бели печива. Практичната обука е во времетраење од 205 часа, а оценувањето ќе се реализира во времетраење од 30 часа. Обуката по програмата се изведува од искусни обучувачи од областа на производство на леб, бурек и бели печива. Програмата се реализира преку следните тематски целини: Организација и подготовка на работното место, Микробиологија на храна и санитација, Суровини во пекарството, Производство на леб, Производство на бели печива, Производство на пита, бурек и лиснато тесто, Изработка на квасни теста за пржење и Бизнис и права од работен однос. По успешното завршување, учесникот се стекнува со сертификат по верификувана програма од ЈУ Центар за образование на возрасните.

Резултати од програма

[:mk]  Учесникот по успешното завршување на програмата ќе може да работи како пекар во пекарска индустрија или да се самовработи со отворње на пекара за производство на леб, бурек и бели печива. Учесникот ќе изведува технолошки фази за различни видови на леб, бурек, пити, лиснато тесто и пржено тесто, ќе користи машини и уреди за наведените фази, ќе ги одржува апаратите и приборот со кои ќе работи, ќе води грижа за квалитетот на производот и запазување на прописите за работа со прехранбени производи, ќе применува хигиено технички мерки за лична и заштита на работната средина, ќе користи стручна терминологија, ќе ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис, постојано ќе се усовршува и надградува. По успешно завршување на програмата, учесникот ќе се стекне со Сертификат по верификувана програма од верификувана Установа за образование на возрасни.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Завршено основно образование, возраст над 15 години и санитарна книшка.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 20
Пракса 205 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support