Опис на програма

Програмата е изработена согласно со стандардите за земјоделско производство и е во согласност со принципите и правилата за спроведување и почитување на органското земјоделско производство.
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во органското производство, правилната подготовка и примена на агротехнички мерки и материјали за органско производство на зеленчук и овошје, примена на системите за обработка на површините за органско производство, примена на начините и техниките на производство на расад и сеидба, примена на мерките за нега на органските култури, навремена и правилна берба на овошните и зеленчуковите култури, правилна евиденција и контрола на органското производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат производител на органски зеленчук и овошје.
Модули на програмата: – Принципи и стандарди на органско производство
– Производство на органски зеленчук
– Производство на органско овошје
Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 76 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови, а 24 часа се наменети за оценување. Програмата ќе се реализира за период од 3 месеци. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализираните простории на здружението во тераписката заедницата „Покров” под менторство на овластен земјоделски инженер, а практичната обука ќе се изведува на сопствените земјоделски површини од 50 000m2 и пластениците од 7 000m2 во заедницата „Покров“, кои се интегриран дел од здружението Избор. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во здружението.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите модули преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност
„Производител на органски зеленчук и овошје“

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на посебната образовна програмата учесникот, кој ќе се стекната со сертификатот производител на органски зеленчук и овошје, согласно со образовните предметни методи ќе биде во можност, самостојно или во тимови, да: - Планира, организира, изведува и контролира органско производство на храна (зеленчук и овошје); - Користи и ракува со потребни материјали и земјоделски алатки за работа; - Ги дефинира основните принципи на органското земјоделски производство; - Аргументира ставови за корисноста од органските производи; - Го опишува и во целост применува сертификациониот процес за органско производство; - Извршува соодветна обработка на просторот и почвата за одгледување на градинарски и овошни култури; - Спроведува сеидба, ѓубрење и заштита на културите согласно со принципите на органското производство; - Утврдува цена на чинење и продава органски градинарски и овошни производи; - Ја одржува земјоделската механизација за време на работата и после завршување на сезоната; - Ги применува стандардите за добра земјоделска практика и го контролира квалитетот на работата; - Дебатира, комуницира и демонстрира знаење со колегите и претпоставените; - Води грижа за заштита на здравјето на луѓето и околината, во согласност со постулатите и принципите на органското производство; - Учествува и се стреми кон тимска работа.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]- Диплома за завршено најмалку средно тригодишно или четиригодишно образование; - Извод од матична книга на родени; - Уплата на одредената сума за учество во програмата за образовани на жиро сметка на здружението со цел на дознака за „обука за органско производство”.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 76 32
Пракса 140 58
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support