Опис на програма

 

Примарната цел на образновната дејност на Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје е запознавање на проектантите кои се занимаваат со проектирање на електрични и неелектрични инсталации во противексплозивна заштита, како и извршителите кои работат на инсталирање, одржување и манипулирање со електричните и неелектрични инсталации и уреди во средини загрозени од експлозивна атмосфера со основните принципи на противескплозивна заштита, како и специфичностите при извршување на работи на проектирање, изведување, одржување и манипулирање.

Програмата е дизајнирана во насока да се оспособат лица кои вршат проектирање, изведба и одржување на електрични и неелектрични инсталации во средини загрозени од експлозивна атмосфера да се стекнат со знаења и вештини за процесите на воспоставување ефикасна и ефективна противексплозивна заштита.  Програмата ги покрива следните модули:

 

  1. Општо – регулатива
  2. Проценка на ризик
  3. Класификација на опасен простор
  4. Електрични и неелектрични инсталации во загрозени средини
  5. Прегледи и одржување
  6. Поправка

 

Резултати од програма

[:mk]Стручна едукација во зголемување на безбедноста на работното место на луѓето кои при обавувањето на  своите редовни работни активности се контакт со потенцијално експлозивна атмосфера. Краен резултат по успешно завршената програма ќе биде квалификуван стручен кадар, кој ќе може активно да учествува, а со тоа и да придонесува за подобрување на процесите за воспоставување противексплозивна заштита преку:
  • Примена на Македонските стандарди и Правилници издадени врз основа на сите норми кои ја регулираат оваа проблематика издадена и усогласена со ЕН,
  • Запазување на основните принципи на вршење на проценка на ризик врз основа на методологијата пропишана со соодветна ЕН
  • Дефинирање, анализа и почитување на зоните на опасност,
  • Вршење на проектирање согласно соодветните МКС ЕН
  • Воспоставување на технички принципи за практична примена на МКС ЕН и Правилници за безбедна работа, и
Задоволување на барањата на МКС ЕН и препораките на производителите за инсталираната опрема[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум средна стручна спрема (електро,машинска, хемиско-технолошка струка) Стручни лица – вработени кои се занимаваат со проектирање на електрични и неелектрични инсталации во противексплозивна заштита, како и извршители кои работат на инсталирање, одржување и манипулирање со електричните и неелектрични инсталации и уреди во средини загрозени од експлозивна атмосфера[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 80
Пракса 13 13
Оценување 7 7
Вкупен број на часови 15
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support