Опис на програма

Програмата “Психотерапевт” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на советување и психтерапија. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини од областа на советување и психотерапија на лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите вештини и знаења од областа на советување и психотерапија, полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и психотерапијата, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Психотерапевт” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, индивидуални сесии со тренер и проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценцаод Комората на психолози на РН како и акредитиран сертигфикат од акредитирана од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за ПСИХОТЕРАПЕВТ.
Времетраењето на програмата е 700 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-напредно ниво за психотерапевт под супервизија.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини од областа на советување и психотерапија со лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, да учи доживотно и да се усовршува.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен: Да организира активности за лична подготовка и подготовка на работното место да создава хигиено-технички услови за работа да применува работна култура во комуникација со клиенти, да советува и врши психотерапија на клиенти во животни ситуации да пружа поддршка на болни и лица во рехабилитација да пружа поддршка на ранливи категории на лица да препознава клинички случаи и да соработува со други стручни профили да организира и води групи за личен раст и развој на професионалци да организира работилници за млади да пружа психо-социјална поддршка на лица во кризни состојби да работи со деца во работилници и индивидуално да прави проценка на личност да се однесува според стекнатите вештини потреби за еден психотерапевт[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесници во програмата можат да бидат лица кои: Го имаат поминато основното ниво за советувач и со завршен IV степен од хуманистички професии[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 200 28
Пракса 400 57
Оценување 100 15
Вкупен број на часови 700
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support