Опис на програма

Целта на програмата е учесникот да се стекне со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основните практики и техники за пчеларско производство на одржлив начин.

Како резултат на програмата, учесникот ќе биде оспособен за: подигање на пчеларник на соодветна локација; препознавање на болестите кај пчелите и примена на биотехнички методи за справување со болестите; размножување на пчелите; хранење и зазимување на пчелните семејства; собирање, складирање и пакување на пчелните производи; примена на стандарди и контрола на производството; правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место и заштита на здравјето и животната средина.

Програмата има модуларен карактер, и се состои од 7 различни тематски модули со вкупно 110 часа. Секоj модул се состои од стручно теоретски содржини, практична обука и оценување на теоретското и практичното знаење.

Стручно теоретските содржини се реализираат во училница опремена според правилникот за стандардите за простор и опрема, со потребни нагледни средства, прибор и опрема за пчеларство. Теоретскиот дел од обуката го предава дипломиран земјоделски инженер, магистер на земјоделски науки, доктор за земјоделски науки, доктор по ветеринарна медицина, дипломиран доктор по ветеринарна медицина, магистер на науки по ветеринарна медицина или доктор на науки по ветеринарна медицина.

Практичната обука се изведува од регистриран пчелар – практичар,  во регистриран стациониран нагледен пчеларник со учесници распределени во групи, така што им се овозможува ефективно и ефикасно да ги постигнат поставените цели од програмата. Практичната обука се изведува согласно временските услови и природните циклуси во пчеларството.

Во текот на програмата, а на крајот на секој модул се спроведува континуирана проверка на стекнатите знаења, вештини и компетенции по пат на дискусии, вежби и тестови. По завршувањето на Програмата се полага завршен испит со цел да се проверат стекнатите знаења, вештини и компетенции. По успешно завршената проверка, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
  • применува практики за одржлив начин на пчеларство без употреба на амитраз, флуваминати, антибиотици и слично;
  • ја познава анатомијата на пчелата и организација на работата во пчелните семејства;
  • формира и одржува пчеларник;
  • применува редовни одржливи практики и техники за пчеларство на  македонската автохтона пчела Apis mellifera macedonica;
  • набавува и правилно користи соодветна опрема и алат во пчеларството;
  • применува искуства од алтернативните пристапи во борбата со болести на пчелите;
  • применува методи и техники за размножување на пчелите;
  • ја познава медоносната флора и селидбеното пчеларство;
  • ги познава сите пчелни производи;
  • вади мед од пчелните семејства;
  • ги применува стандардите за заштита при работа во пчеларството;
  • применува практики за заштита на животната средина и природните ресурси;
  • ги складира и подготвува пчелните производи за пазарот.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Да има минимум 18 години, минимум основно образование и да поседува основна сопствена опрема со основен алат.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 31 28
Пракса 71 65
Оценување 8 7
Вкупен број на часови 110
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support