Опис на програма

Програматa, има за цел да ги развие способностите на учесниците за планирање, спроведување, следење/мониторинг и проценување/евалуација на работа со млади заради помагање на нивниот личен развој и унапредување на нивното активно учествување во животот во заедницата.
Tеоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во училница опремена за спроведување на образование на возрасни, додека практичната настава ќе се спроведува во организација за млади или младинска организација.
Програмата трае 4 месеци и е наменета за лица кои завршиле најмалку средно образование и сакаат да работат во обезбедување на поддршка за младите во рамките на/или во соработка со понудувачи на младинска работа (младински организации, центри и инститции за млади и сл.)
Истата се состои од 208 часови распоредени како:
– теоретски дел: 144 интерактивни програмски часови со траење од по 45 минути,
– практичен дел: 60 програмски часови со траење од по 45 минути, работа под менторство во организација,
– испитна работилница: 4 часови х 45 минути

Програмата ќе биде организирана во три модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат..
Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници кои ќе бидат сместени и онлајн, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите.
По завршувањето, учесникот ќе се стекнe со звање – Работник со млади и ќе бидe способен да ги обавува функциите опишани во Стандардот на занимање – Работник со млади.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лица над 18 години. Завршено минимум средно образование и минимум една година искуство во волонтирање или работа во младинска организација/организација за млади. Познавање на македонски јазик. Познавање на некој од јазиците на заедниците и англиски јазик, ќе се смета за предност.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 148 70
Пракса 60 20
Оценување 5 10
Вкупен број на часови 208
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Sojuz za mladinska rabota
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support