Опис на програма

Програмата “Развивање на комуникациски вештини” е насочена кон оспособување на лицата за личен раст и развој, за зголемување на свесноста и препознавање на сопствените капацитети, за развивање на свесност и контакт со себе, развивање комуникациски вештини со другите, поголема самоподршка, поголема верба во сопствените капацитети и искористување на сопствените капацитети на персонално и професионално ниво.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: се осознае самиот себеси, да применува вештини во комуникација со другите во заедницата и на работното место, да научи да толерира и културно да се однесува, да се почитува себе и да ги почитува другите, да применува разни стилови на комуникација, да се изложува и презентира според сопствените компетенции и стручност.
Стекнатите вештини ќе им помогнат да стекнат сигурност во себе, да веруваат во себе и да умееат да се изложат на пазарот на трудот, според своите компетенции и професионалност, да бидат успешни и задоволни.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца од Комората на психолози на РМ како и акредитиран сертификат од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за комуникациски вештини.
Времетраењето на програмата е 50 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-второ ниво.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: биде со поголема сигурност во себе, да веруват во себе и да умее да се изложи на пазарот на трудот, со сигурност да ги покаже  своите компетенции и професионалност, да има добра комуникација и со себе и со другите, да знае да толерира и комуницира.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен : Да развива поголема свесност за себе, за своите потенцијали и компетенции Да стане свесен и да го осознае сопственот стил на комуникација Да применува соодветни комуникациски стилови со другите лица Да разрешува конфликти во средината и полето на делување Да пренесува искуства и да делува во средината со мудрост и разбирање Да биде добар човек за себе и другите Да верува во себе и другите Да се изложува на пазарот на трудот според своите компетенции.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да се над 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 20
Пракса 35 70
Оценување 5 10
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support