Опис на програма

Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со вештините за регрутација и селекција на човечки ресурси. Според наставниот план обуката трае 80 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Програмата започнува со општ вовед во работата со човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти потребни за стекнување на наведените вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за програмата Развој на вештини за регрутација и селекција на човечки ресурси.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ги препознае организационата структура и култура во една компанија од аспект на работата со човечки ресурси;
  • ги препознае предностите во организационата структура и култура во една компанија;
  • предложи и примени измени во организационата структура и култура;
  • постави структура на процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси;
  • ги примени стекнатите знаења во процесот на регрутација и селекција на човечки ресурси
  • ги примени стекнатите знаења од регулативата поврзана со човечките ресурси;
  • да применува методи за оцена на развојниот потенцијал на вработените во организацијата.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум средно образование (гимназиско или средно стручно образование). Кандидатите треба да бидат постари од 18 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 63
Пракса 24 30
Оценување 6 7
Вкупен број на часови 80
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support