Опис на програма

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи, Ракувач на автодигалка.
Програмата се реализира преку повеќе активности.
Спроведувањето на теоретската настава е во училница со современи наставни помагала и таа содржи општ и посебен дел со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на предметите кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата на автодигалката на обезбедени локации, магацински простории и простории за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на автодигалката.
Тестирањата на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се преку одржување на испит. Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука.
Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на автодигалката на соодветна локација.
Целокупната програма ја спроведува тим на искусни инжинери од потребната дадена област, квалификувани, со долгогодишно искуство ракувачи на автодигалка.
По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на автодигалка. Програмата/сесијата за Ракувач на автодигалка е во времетрање од 3 месеци. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни квалификации за извршување на работата Ракувач на автодигалка.

Резултати од програма

По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, квалификации, вештини и ќе биде оспособен да: - ја планира, подготвува, организира и извршува својата сопствена работа, - ја планира, организира и ја насочува работата според инструкциите и барањата, - разликува различни видови дигалки, ги познава нивните карактеристики, нивните предности, негативности и принципи при изборот за нивна употреба за извршување на работните процеси, - ја распознава поврзаноста на сите учесници во работењето на локацијата, - ја анализира моменталната состојба на теренот, соодветната локација, градилиште, магацински простории и определува начин на експлоатација на автодигалката, - ги распознава работните циклуси на автодигалката, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата и алатите за работа, - ги прегледува и ги подготвува машините и уредите за работа (кочниците, нивото на масло, вода и гориво, исправноста на хидрауликата, осветлувањето, звучна и светлосна сигнализација и противпожарните средства), - ги дијагностицира дефектите, - ги познава постапките за евидентирање и документирање, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, евидентира прегледи на машините и уредите, -  ја одржува механизацијата во исправна состојба, - се придржува на упатствата за сервисирање и ги запазува термините според упатството, - комуницира со странките на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат со останатите машини во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - знае постапки за укажување на прва помош, - применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во Програмата за Ракувач на автодигалка како критериум за влез во наставата и практичното учење претходно треба да имаат завршено најмалку средна стручна подготовка, да имаат положено возачки испит, да се психо-физички способни за овој вид на занимање, да поседуваат прецизност и одговорност.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 25
Пракса 74 61
Оценување 17 14
Вкупен број на часови 121
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support