Опис на програма

Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 18 години да ракуваат и управуваат со работна машина за подигање на товар-виљушкар.

Теоретскиот дел од програмата ќе се реализира во просториите на Отворениот граѓански универзитет „Неготино“- Неготино, и во просториите на  „ИГМ Трејд“ Илија и др. ДОО од Кавадарци, а практичната обука ќе се реализира во „ИГМ Трејд“ Илија и др. ДОО од Кавадарци, со претходно склучен договор за соработка каде посетителите ќе реализираат практична настава за ракување на виљушкар.

Програмата содржи вкупно 90 часови од кои 20 теоретска настава, 60 практична настава и 10 часа проверка на компетенциите. Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во Отворениот граѓански универзитет „Неготино“- Неготино и во „ИГМ Трејд“ Илија и др. ДОО од Кавадарци , додека практичниот дел ќе се спроведува во „ИГМ Трејд“ Илија и др. ДОО од Кавадарци, со кои ОГУ „Неготино“ склучува договор за соработка.

Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 18 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со положена возачка „Б“ категорија. Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници, односно кандидатите можат да бидат поделени во групи. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.

Наставната програма ќе биде организирана во 6 наставни целини, од кои 4 се во делот на теоретската настава и 2 наставни целини како практичен дел. По завршувањето  на теоретскиот дел ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест, додека по завршувањето на практичниот дел ќе се спроведе практична демонстрација од страна на учесниците. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за Ракувач на виљушкар.

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, видео презентации, дискусии во групи, познавање на вилушкарот, практична обука.

Програмата ќе биде реализирана од Дипл. инженер по патен транспорт и Дипл. машински инженер со долгогодишно работно искуство.

Резултати од програма

[:mk]Учесниците ќе бидат способни:
  • да управуваат работна машина-виљушкар
  • да подигаат товар со виљушкар
  • да го познаваат капацитетот на подигање на виљушкарот, во зависност од товарот
  • да го врзуваат и обезбедуваат товарот
  • да ја познаваат физиката на виљушкарот
  • да познаваат тежиште, баланс, потпорна точка на виљушкарот
  • да познаваат и работат со други приклучни средства за прифаќање на товарот, освен виљушки
  • одржува техничка исправност на виљушкарот
  • рационално ги користи средствата за работа, енергијата, материјалите и времето
  • пакува, складира и транспортира елементи или готови производи
  • ги почитува ППЗ стандардите и Безбедноста при работа со виљушкар
комуницира со останатите вработени[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците треба:
  • да имаат положено минимум возачки испит за Б категорија
  • да имаат завршено основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 18 години
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 22
Пракса 60 66
Оценување 10 11
Вкупен број на часови 90
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support