Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за ракување со виљушкар и истата е со  времетраење од 250 часа, односно опфаќа  60 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која трае 175 часа кои се изведуваат во реални услови, работилница или погон  под надзор и 15 часа оценување.

По успешното завршување на програмата учесникот ќе  се оспособи за самостојна работа за ракување со виљушкар, ќе стекне работни  навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита на работата,  ќе развива правилен однос и грижа за сопственото здравје и здравјето  и безбедноста на други лица, ќе развива правилен однос кон машините, алатите и опремата, ќе има развиена свест за стручно и правилна припрема на виљушкарот, ќе работи одговорно и прецизно при изведувањето на работните операции со виљушкар; и тоа даподигнува, задржува, спушта и пренесува товар, превентивно  ќе  го одржува виљушкарот во исправна состојба и ќе ги користи правата и презема обврските кои произлегуваат од работен однос.

По завршувањето на програмата учесниците полагаат завршен испит, со што учесниците кои со успех ќе го положат испитот се стекнуваат со Сертификат за ракувач на виљушкар.

Програмата дава можност за вертикална проодност.

 

Резултати од програма

[:mk]  Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  занимањето ракувач со виљушкар, што значи ќе биде способен:
  • да ги применува прописите за заштита и безбедност на работното место и безбедност на работната околина;
  • да проверува исправностна виљушкарот;
  • да проверува и пријавува покажани неисправности при работа на одредени механизми и системи;
  • безбедно да поставува, обесува и врзува товар;
  • да подигнува, спушта, задржува и пренесува товар, истовремено со подигнат товар ќе изведува повеќе операции со виљушкарот;
  • почитува сообраќајни патокази и ознаки на работно место;
  • набројува и почитува правата, обврските и должностите  кои произлегуваат од работа;
  • тимски ќе соработува и доживотно учи.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот да има завршено најмалку основно образование, да е над 17 годишна возраст и да поседува возачка дозвола од Б категорија.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 24
Пракса 175 70
Оценување 15 6
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support