Опис на програма

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи, Ракувач на виљушкар.
Програмата за Ракувач за виљушкар е во времетраење од 3 месеци.
Програмата се состои од 178 часови, се реализира преку теоретски дел од 40 часови, практичен дел од 119 часови и 19 часови за оценување и самоевалуација.
Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на предметите кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата на виљушкар, практична примена на виљушкарот на обезбедени локации и магацински простор и простории за товар и растовар, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на виљушкарот.
Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од програмата за обука.
Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на виљушкарот на соодветна локација, магацини и простории за товарање и истоварање.
Програмата ја спроведува тим на искусни инжинери од соодветната област (сообраќај и машинство) и квалификувани ракувачи на виљушкар со најмалку пет години работно искуство.
По успешно завршување на теоретската и практичната настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на виљушкар.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, квалификации, вештини и ќе биде способен да: - ја планира, подготвува, организира и извршува својата сопствена работа, - ја планира, организира и ја насочува работата според инструкциите и барањата на изготвената и одобрена изведбена документација, - ги разликува различните видови на виљушкари, нивните карактеристики, нивните предности, негативности и принципи при изборот за нивна употреба за извршување на работните процеси, - ја распознава поврзаноста на сите учесници во работењето на локацијата, - ја анализира моменталната состојба на теренот, соодветната локација и определува начин на експлоатација на виљушкарот, - ги распознава работните циклуси на виљушкарот, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата и алатите за работа, - ги прегледува и ги подготвува машините и уредите за работа (кочниците, нивото на масло, вода и гориво, исправноста на хидрауликата, осветлувањето, звучна и светлосна сигнализација и противпожарните средства), - ги дијагностицира дефектите, - применува постапки за евидентирање и документирање, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, евидентира прегледи на машините и уредите, - го одржува виљушкарот во исправна состојба, - се придржува на упатствата за сервисирање и ги запазува термините според упатството, - комуницира со странките на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат со останатите машини во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - применува постапки за укажување на прва помош, - применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесници во програмата можат да бидат лица кои : - имаат завршено најмалку средно образование, - поседуваат возачка дозвола „Б“ категорија.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 23
Пракса 119 67
Оценување 19 11
Вкупен број на часови 178
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support