Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за управување со виљушкар и манипулација со различни видови стоки.

Времетраењето на програмата е 160 часа од кои 32 часа теоретска обука, 112 часа се практична обука во реални работни услови и 16 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училници и кабинети со потребна современа опрема за изведување на настава.Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.

Учесникот со програмата ќе се оспособи да планира, организира и извршува работни задачи за транспорт на стока со различни видови виљушкари, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт; да ги одржува во исправна состојба виљушкарите; да манипулира со опасните материи; познава ознаките на амбалажата на стоката; да води и издава потребна документација за изведените работи, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ги познава правата од работен однос и можности за отварање и водење на мал бизнис,

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на виљушкар“.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за занимањето Ракувач на виљушкар и ќе се оспособи да планира, организира и извршува работни задачи за транспорт на стока со различни видови виљушкари, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт; да ги одржува во исправна состојба виљушкарите; да манипулира со опасните материи; познава ознаките на амбалажата на стоката; да води и издава потребна документација за изведените работи, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ги познава правата од работен однос и можности за отварање и водење на мал бизнис По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на виљушкар[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 18 годишна возраст. Прецизност во работата; осет за допир, проценка на димензии, простор, одговорност. Возачка дозвола од В категорија[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 32 20
Пракса 112 70
Оценување 1686400 10
Вкупен број на часови 160
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support