Опис на програма

Програмата за обука на ракувач на компјутерски управувани машини претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.

Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за ракување и управување со компјутерски управувани машини како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место, да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.

Содржините од програмата ќе се  реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.

Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото во кабинети опремени со потребната дидактичка  опрема.

Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Програмата ќе се реализира со вкупно 200 часа со следниве модули:

– Техничка комуникација

– Работни единици на компјутерски управувани машини

– Компјутерски управувани машини

– Оперативни работи

– Бизнис и претприемништво

По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе  се стекнат со сертификат за работна оспособеност за ракувач на компјутерски управувани машини со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво.

Резултати од програма

[:en] [:mk]Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции: - Ја планира и ја организира својата работа; - Ги подготвува работното место, работните уреди, алатот и материјалот; - Рационално ги користи времето, материјалот и енергијата; - Обезбедува квалитетни услуги и извршени работи; - Комуницира со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи; - Изработува производи на ЦНЦ-глодалката; - Изработува производи на ЦНЦ-стугот; - Ги менува алатот, помагалата и ги подесува технолошките параметри; - Ги обработува работните налози и техничка документација што е потребна за редовно извршување на работните задачи; - Користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата; - Применува мерки за лична заштита и заштита на околината; - Изработува бизнис план.[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат: -Завршено минимум основно образование. -Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 20
Пракса 140 70
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support