Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување на учесникот преку стекнување знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со мостен кран и управување на мостен кран на работното место.
Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на сертификат насловен како „Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на мостен кран“.
Планирано е тримесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 205 часа од кои 60 часа се за теоретска настава, 130 часа се за практична обука, 13 часа се наменети за оценувањето и 2 часа за самоевалуација.
Предвидено е теоретскиот дел да се изведува во простории-училници од 2 до 3 пати во неделата, а практичниот дел ќе се изведува во реални услови, работилница или погон под надзор. Теоретската настава се одвива училници или кабинети под менторство на професор а практичната обука ќе се изведува во реални услови во компанија.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојна работа за ракување и управување со мостен кран, ќе стекне работни навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита при работа, ќе развие правилен однос и грижа како за сопственото здравје и безбедност така и за другите лица, ќе развие свест за правилен однос кон машините, алатите, опремата и стручна подготвка на мостниот кран, прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со мостен кран како што се: подигнување, задржување, спуштање и пренесување на товар, превентивно ќе го одржува мостниот кран во исправна состојба и ќе ги познава правата и обврските од работниот однос. Проверување на постигањата на учесниците ќе се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењата, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со “Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на мостен кран“ по верифицирана програма од I ниво.
Програмата на учесниците овозможува вертикална проодност за II ниво.

Резултати од програма

[:mk]По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја планира, подготвува и организира својата работа; • ја планира, подготвува и врши манипулација и преместување на стока со мостен кран; • врши безбедно поставување, обесување, кревање, задржување, поместување и спуштање на товарот; • изврши проверка и подготовка за контрола на исправноста за пуштање на мостниот кран во употреба; • применува прописи за заштита при работа; • применува прописи за користење на механизми на мостен кран и пријавување неисправности на мостен кран; • ги разликува механизмите и типовите на мостни кранови во зависност од погонот што го користат; • го објаснува начинот на функционирање на електромоторот, редукторот и сопирачките на мостниот кран; • ги користи прописите за одржување на мостниот кран и неговата опрема во исправна состојба; • ги познава својствата на материјалите кои се предмет на транспорт и ги препознава опасните материи; • чита ознаки на амбалажата; • работи тимски • користи компјутерска опрема; • применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]- да има завршено најмалку средно образование;[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 29 29
Пракса 130 64
Оценување 13 6
Вкупен број на часови 205
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support