Опис на програма

Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 18 години да ракуваат и управуваат со уред за подигање на товар- мостовска дигалка.

Теоретскиот дел од програмата и писмените проверки на знаење ќе се реализира во просториите на Отворениот граѓански универзитет „Неготино“- Неготино, и во просториите на  „ИГМ Трејд“ Илија и др. ДОО од Кавадарци, а практичната обука ќе се реализира во „ИГМ Трејд“ Илија и др. ДОО од Кавадарци, со претходно склучен договор за соработка каде посетителите ќе реализираат практична настава за ракување со мостовска дигалка.

Програмата содржи вкупно 90 часови од кои 20 теоретска настава, 60 практична настава и 10 часа проверка на компетенциите.

Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 18 години, кои сакаат да се појават на пазарот на труд.

Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 15-20 учесници, односно предвидените кандидати ќе бидат поделени во повеќе групи. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.

Наставната програма ќе биде организирана во 4 наставни целини и на крајот на реализацијата на наставната програма ќе се изврши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација на подигање и пренос на товар, односно по завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за Ракувач на мостовска дигалка.

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, видео презентации, дискусии во групи, практична обука, демонстрација.

Програмата ќе биде реализирана од двајца предавачи – Дипл. машински инженер и Дипл. инженер по патен транспорт со работно искуство.

Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот ќе биде способен да:
  • управува со мостовската дигалка од земја и од кабина;
  • добива податоци за тежината на товарот;
  • го следи прикачувањето и затегнувањето на товарот;
-     го следи уредот за движење на витлото; -     го крева, влече, смирува и следи товарот при преместувањето односно преносот -     ги утврдува причините и презема мерки при преоптоварување на направите; -     ги следи активностите на местото на работа (безбедно оставање на товарот) при спуштање на товарот; -     ги следи сигналите на сигналистот (рачните сигнали, сигналите преку соодветна комуникациска опрема) во случаите кога нема прегледност над товарот; -    внимава на евентуално оштетување на товарот при прикачувањето, преносот и оставањето на товарот; -     го следи извлекувањето на висечките јажиња (ленти) под товарот; -     ја поставува дигалката во првобитната положба при завршување со работата; -     ги познава средствата за кревање и пренос на товар; -     ги знае основите и прописите на внатрешниот транспорт; -     ја знае соодветноста на опремата за претоварање на одделен вид товар; -     ги познава правилните приспособувања на опремата според видот на товар.
  • да го познаваат капацитетот на подигање на мостовската дигалка, во зависност од товарот
  • да го врзуваат и обезбедуваат товарот
  • да ги познаваат и работат со сите средства за прифаќање на товарот
  • одржува техничка исправност на мостовска дигалка
  • рационално ги користи средствата за работа, енергијата, материјалите и времето
  • пакува, складира и транспортира елементи или готови производи
  • ги почитува ППЗ стандардите и Безбедноста при работа со мостовската дигалка
комуницира со останатите вработени[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците треба:
  • да имаат завршено најмалку основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 18 години
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 22
Пракса 60 66
Оценување 10 11
Вкупен број на часови 90
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support