Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за ракување со автодигалка и истата е со  двомесечно времетраење односно 170 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во реални услови, работилница или плато  под надзор.

По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи за ракување со автодигалка, ќе стекне работни  навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита на работата,  ќе развива правилен однос и грижа за сопственото здравје и здравјето  и безбедноста на други лица. ќе развива правилен однос кон машините, алатите и опремата, ќе има развиена свест за стручно и правилна припрема на автодигалката, ќе работи одговорно и прецизно при изведувањето на работните операции со автодигалката,  ќе управува со автодиглака со корпа, плато, пајак возило ќе ја стабилизира дигалката, подигнува, задржува, спушта и пренесува товар, превентивно  ќе  ја одржува авто дигалката во исправна состојба и ќе ги познава правата и обврските од работен однос.

По завршувањето на програмата учесниците полагаат завршен испит, со што учесниците кои со успех ќе го положат испитот се стекнуваат со Сертификат за ракувач на автодигалка

Програмата дава можност за вертикална проодност

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе: - ги применува прописите за заштита и безбедност на работното место и безбедност на работната околина, - проверува  исправност и пријавува покажани неисправности при работа на одредени механизми и системи кај автодигалка, -безбедно ќе ја стабилизира, поставува, обесува и врзува товар, -  подигнува спушта, задржува и пренесува товар, -истовремено ќе изведува повеќе операции со подигнат товар со автодигалка, - ги познава и почитува правата, обврските и должностите  кои произлегуваат од работа, - тимски ќе работи и соработува -доживотно ќе учи и ќе се усовршува во професијата.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 18 годишна возраст. Да поседува возачка дозвола за Ц категорија. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени способности, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, растојание и висина, да е спретен[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 23
Пракса 120 71
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 170
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support