Опис на програма

Главна цел на програмата е работно оспособување за Ракувач со рударска механизација (багер,утоварни машини,булдожер,дампер,лажичар).Со оваа програма учесникот се оспособува за ракување,управување и одржување во исправна состојба на машините.По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја планира и организира работата со механизацијата според инструкциите на претпоставениот,рационално користи машини,уреди,подготвува и проверува исправност на алати, ракува и управува со соодветната рударска механизација, изведува ископ,депонира ископан материјал,користи технички упатства за ракување,пополнува документација, се грижи за безбедноста при работа,здравјето и заштита на работната околина.
Начинот на реализација на програмата е преку практична обука и теоретска настава и води до стекнување на сертификат „Ракувач со багер,утоварни машини,булдожер“.
Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 60 часа теоретска настава, 230 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската настава се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењето, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “Ракувач со рударски машини во површинска експлоатација”(на сертификатот ќе биде напишана машината за која кандитатот се обучува).

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја планира и организира работата со машините според инструкциите на претпоставениот; • ја подготвува и проверува исправноста на машините и алатите за работа; • ги идентификува опасностите и презема мерки за стабилност на теренот; • ги изведува рударските работи на површинската експлоатација со различни технолочки и изведбени рударски постапки според проектот и инструкциите на претпоставениот; • ракува и управува со рударските машини за површинска експлоатација на теренот; • ги употребува техничките упатства за ракување со машината; • ја пополнува пропишаната документација; • гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив; • се грижи за безбедноста при работа,здравјето и заштитата на работната околина; • комуницира со соработниците,подредените и надредените; • користи професионални информациски програми и машинска опрема и порема за сигнализација и комуникација; • рационално троши енергија,материјали и време;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование, наполнети 18 години и возачка дозвола.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 233 77
Оценување 10 3
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support