Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Ракувач со градежна механизација во површинска експлатација и истата е со тримесечно времетраење, односно 300 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се во функција на практичната обука, која пак се изведува на плато и терен во реални услови. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја планира и организира работата со градежната механизација според инструкциите на претпоставениот, рационално користи машини, уреди, средства за работа, енергија, материјал и време, подготвува и проверува исправност на алати, уреди и механизација за работа, идентификува опасности и презема мерки за стабилност на теренот, изведува земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите, ракува и управува со градежна механизација за земјени работи на терен; изведува ископ, депонира ископан материја, рамни, набива, распостелува, меша, , товара, чисти снег, користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив,се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина, комуницира со соработниците, познава права од работен однос, можности за отварање и водење на мал бизнис. По завршувањето на обуката учесникот полага завршен испит и доколку го положи успешносе стекнува со Сертификат за Ракувач со градежна механизација по верифицирана програма

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за занимањето Ракувач со градежна механизација: управува со механизација со различен погон,  применува соодветен алат, опрема и средства, изведува искпоп, изведува косина, рамни,  расчистува и изведува и ревитализира одводни канали, одржува патишта, набива подлога, чисти одрон, снег, превентивно ја одржува механизацијата, учествува во негово корективно одржување и сервисирање, воочува најчести дефекти, согледува причини за појава на истите, применува правила и прописи за квалитет и сигурност при работата и се грижи за личното здеравје и здравјето на луѓето и животната средина. По успешното завршување учесникот  може самостојно да ги извршува работите и работните задачи ракувач на градежна механизација.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот да има завршено најмалку основно образование, а пожелно е да има завршено стручно образование за занимање или четиригодишно стручно или гимназиско образование и над 18 годишна возраст. Психофизички здрав, прецизност во работата; осет за допир, проценка на димензии, рамност, брзина и простор, одговорност. Пожелни особини кои учесникот треба да ги поседува: -добри психомоторни способности[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support