Опис на програма

Главната цел на програмата е образование, усовршување, оспособување и учење за лицата вработени во друштвото ИГМ Трејд – Кавадарци за правилно и квалитетно работење, односно ракување со мостна, портална и конзолна дигалка. Програмата ќе се реализира преку спроведување на теоретска и практична настава, тестирања и обуки на учесниците во програмата, вршени од тим на искусни инжинери од дадената област. По успешно завршување на теоретска и практична настава, тестирањата и обуките, на учесниците ќе им се издаде сертификат за ракувач со мостна, портална и конзолна дигалка. Програмата/сесијата за Ракувач со мостна, портална и конзолна дигалка е во времетрање од 3 месеци. Со спроведувањето на програмата, вработените лица ќе се здобијат со сите потребни квалификации за извршување на работата Ракувач со мостна, портална и конзолна дигалка, за кои друштвото има неопходна потреба.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде оспособен да: - Ја планира и организира својата работа; - Набројува видови дигалки и да ги препознава нивните карактеристики; - Препознава составни механизми и делови на дигалки; - Превентивно ја прегледува дигалката пред преместување; - Избира и преместува соодветни средства за пренос на товар; - Управува мостна дигалкa; - Управува портална и полупортална дигалка; - Управува подвижна или неподвижна конзолна дигалка; - Одржува мостна, портална и конзолна дигалка; - Користи компјутерска опрема и програмски алатки; - Применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Kритериум за влез на учесникот во програмата е да има завршено најмалку средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 23 23
Пракса 85 67
Оценување 15 12
Вкупен број на часови 130
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support